Вести

Добрата надеж

Текстот на драмскиот автор Хеијерманс (1864-1924) ги комуницира убавините на карактерите во него – од стари и млади морнари, жени оставени дома на брегот, полни со разбирање, низ стравови и катастрофи, забави и прослави, до морето како врвен лик меѓу нив сите. Обземени од оваа трагедија, испонета со длабоки тонови налик на холандските ремек дела во сликарството, почнуваме да разбираме нови и големи вистини за животот. Со секој нов детал од приказната, со секоја наредна реплика од дијалозите – низ исклучително живописната панорама на рибарското село каде што црквената камбана се чини како засекогаш да одѕвонува вести за смрт во морето.

Претставата се базира на клучната хроника – од заминувањето на екипажот со несигурниот и оштетен брод, се до вестите за неговото потонување и ефектот што тоа го има во агонијата што следи за оние кои на брегот остануваат без татковци, љубовници, синови. Хеијерманс е мајстор на карактери. Тој го слика своето ремек дело низ ликовите од тоа рибарско село – храбри, силни и искрени. Говорот во претставата има широк дијапазон – од едноставен хумор до груба поезија.

За мене „Добрата Надеж“ е лична претстава во најграндиозната смисла на тој израз. Во разбирањето на најдлабоките универзални вистини. Иако нејзините суштински фокуси се кон социјалната правда и кон човечкиот карактер – нејзината конечна убавина е спиритуалната рефлексија на цел еден микрокосмос фатен во момент на бура.

Александар Ивановски
Режисер

„ДОБРАТА НАДЕЖ“

од Херман Хеиjерманс
Режија: Александар Ивановски

Драматург: Сашо Димоски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Катерина Чукниева
Автор на музика: Сашко Костов

Кнеиртје – Слободанка Чичевска
Герт – Жарко Спасовски
Баренд – Александар Велјановски
Џо – Талија Настова
Кобус – Александар Ѓеоргиев
Дантје – Кирил Гравчев
Клеменс Бос – Васил Зафирчев
Клементина – Марија Стефановска
Матилда – Драгана Босниќ
Трус – Весна Димитровска
Симон – Самоил Стојановски
Маријетје – Румена Шопова

Инспициент: Славиша Ѓеоргиев

Тон: Лазо Теов

Видео: Лаура Шкортова

Светло: Марјан Тодоровски, Љупчо Лазов

Гардероба : Јулија Ангеловска

Реквизитер: Спасе Петрушев

Технички раководител: Никола Игнов

Сценска техника: Игор Гаврилов, Дејан Крстевски, Јовица Стаменовски,    Ѓоре Павлов, Никола Пауновски, Хишам Латифов

Did you like this? Share it!

0 comments on “Добрата надеж

Comments are closed.