Месец: м.г

„Театар, љубов моја“

Комедијата „Театар, љубов моја“ од современиот бугарски автор Валери Петров, во својата оригинална верзија е дует напишан за две познати буагрски актерки: Тања Масалитинова и Славка Славова, додека адаптацијата на претставата во режија на Деан Дамјановски е сепарирана на уште две улоги, организирани во два дуети: две стари актерки, на залезот на своите кариери и две актерки кои ги толкуваат првите додека биле во зенитот на кариерата. Во квартетен формат, оваа комедија го отсликува животот на актерите зад кулисите, приватниот живот, нивните меѓусебни ривалства, нивните партнерства и сето она што се случува зад сцената, далеку од љубопитното око на гледачот во театарскиот салон.

Автор
Валери Петров

Режија
Деан Дамјановски

Драматург
Сашо Димоски

Сценографија
Филип Коруновски

Костимографија
Раде Василев

Автор на музика
Сашко Костов

УЛОГИ
Кица Ивковска
Зорица П. Панчиќ
Кети Борисовска
Талија Настова