Месец: м.г

Спанаќ со пржени компири

Праизведба на текстот на Унгарскиот  автор Золтан  Егреши во Македонија.

Претставата е современа комедија со одредени мелодрамски елементи, која ги третира осовременети проблеми на обичниот човек.  Во конкретниот случај тоа се тројца фудбалски судии, претставата го следи нивниот свет во текот на 90 минути додека трае еден натпревар. Иако можеби  првичен впечаток е дека темата е  фудбалот, темата е страста кон животот, страста кон љубовта, спротивниот пол, растежите и падовите. Тројца судии, тројца ликови, секој со своја приказна, секој на свој начин различни, со длабока емотивна приказна.

Автор на текст: Золтан Егреши

Режија: Ненад Витанов

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Александра Крнинова – Груев

Избор на музика: Ненад Витанов

УЛОГИ

Лаци – Фаик Мефаилоски

Уметникот – Жарко Спасовски

Сапунот – Владимир Тулиев

Резиме за 2018 година

Во рамките на Годишната програма за работа за 2018 година Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес реализираше вкупно 8 премиерни изведби. На сцената на театарот премиерно беа прикажани претставите „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана во режија на Деан Дамјановски, „Кралските копилиња“ авторски проект на Сашо Димоски, „Заспаниот супер-херој“ – претстава за деца во адаптација и режија на Младен Крстевски, „Лисистрата“ од Аристофан во адаптација и режија на Хакоб Газанчјан (к.г. од Ерменија), „Елешник“ од Југослав Петровски во режија на Елеонора Теова, „Златната рипка“ – претстава за деца според „Рибарот и рипката“ од А.С.Пушкин во режија на Младен Крстевски, „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Венцислав Ристов и „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ – новогодишна претстава за деца во адаптација и режија на Ненад Витанов.

Покрај новите премиери, на репертоарот на театарот се изведуваа и претставите „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на А.П.Чехов во адаптација и режија на Младен Крстевски, „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, „Театар љубов моја“ од Валери Петров во режија на Деан Дамјановски, „Волшебникот од Оз“ од Л.Ф.Баум во драматизавција на Катерина Момева а во режија на Александар Ивановски и „Шумата на моето дрво“ од Сашо Димоски во режија на Александар Ивановски, копродукција на Театарот со независната театарска компанија „Импакт“.

На репертоарот на театарот се одиграа вкупно 159 претстави кои ги посетија повеќе од 34.000 гледачи. Најизведувана претстава на репертоарот на театарот е „Тоалет за дами“ со вкупно 27 изведби.

Во текот на 2018 година, Театарот го реализираше и Циклусот „Вечери на поезија“ со поетски вечери посветени на Павлина Климкар Меанџиева, Игор Крајчев, Васил Тоциновски и Димитри Соле Љубин.

Театарот имаше и 20 успешни гостувања и фестивалски настапи во земјава и странство. Со „Синиот портокал“ театарот настапи во Културно-информативниот центар во Софија-Бугарија, на манифестација „Бела Ноќ“ во Скопје, во Центарот за култура „Травно“ во Загреб-Хрватска, а на фестивалот „Гола месечина“ во Скопје ја освои наградата за најдобра машка улога за актерот Фаик Мефаилоски.

„Волшебникот од Оз“ беше изведена на Меѓународниот фестивал на детски претстави „Волшебната завеса“ во Трговиште-Бугарија, а „Заспаниот супер херој“ имаше три последователни изведби во Центарот за култура во Радовиш.

Со „Вдовицата се мажи“, театарот гостуваше во Радовиш, Виница, Македонска каменица, Гевгелија, Трговиште-Бугарија, а настапи и на фестивалот „Скопско лето“, на Македонското културно лето во Мала Преспа-Албанија, на фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово, на Меѓународниот фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, а на Меѓународниот фестивал „Руска класика“-Лобња, во Москва, Русија ги освои наградите за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл за актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

„Тоалет за дами“ гостуваше во Драмскиот Театар во Скопје, во Центарот за култура во Радовиш, а беше изведена и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

„Лисистрата“ беше изведена на свеченото отворање и затворање на Интеранционалниот фестивал на античка драма „Стоби“. На истиот фестивал, Театарот настапи и со претставата „Кралските коплиња“ за која ја доби и специјалната награда од стручното жири за современ сценски израз конципиран врз лабораториски истражувања.

Копродукцијата пак со Импакт „Шумата на моето дрво“ беше изведена на Меѓународниот фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград-Бугарија и на Меѓународниот фестивал „Тома Караџиу“ во Плоешти-Романија.

Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес

Филип Коруновски

Име и презиме: Филип Коруновски

Роден: 23 март 1987 во Велес

Дипломира: на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со професионален назив Дипломиран графичар со модул графички дизајн каде што четири семестри посетува настава по предметите Обликување на простор и Сценографија. Во 2011-та година магистрира на истиот факултет на одделот за Скулптура и се стекнува со научен назив –  Магистер по скулптура. Во 2016 година го формира колективот за визуелна уметност и видео визуелизации Edit Points со кој што работи на повеќе културни настани низ Македонија.

Вработен во театарот: Сценограф, графички дизајнер и ликовен соработник, 2014

Најзначајни претстави:

  • „Ноќите во бел сатен“, во Велес 2012
  • „Тартиф“, во Велес 2012
  • „Детектор за лаги“во НУЦК Григор Прличев во Охрид во 2014
  • „Спанаќ со пржени компири“, во Велес 2015
  • „Федра“, во Велес 2015
  • „Класен непријател“, во Велес 2015
  • „Старицата од Калкута, во Велес 2016
  • „Добрата надеж“, во Велес 2016
  • „Мачорот во чизми“, во Велес 2016
  • „Театар, љубов моја“, во Велес 2017
  • „Синиот портокал“, во Велес 2017
  • „Тоалет за дами“, во Велес 2018
  • „Кралските копилиња“, во Велес 2018
  • „Елешник“, во Велес 2018

 

Награди:

2017 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Ана Комнена“ во продукција на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, на МТФ „Војдан Чернодрински“