Месец: м.г

Прес конференција за „Злосторството на 21 век“

Прес-конференција по повод најновата премиера на нашиот театар “Злосторството на 21 век” од Едвард Бонд, во режија на Владимир Милчин

Злосторство на 21 век

ЗЛОСТОРСТВОТО НА 21 ВЕК“

Автор: Едвард Бонд

Режија: Владимир Милчин

Превод : Владимир Милчин и Ема Маркоска Милчин
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Марјан Неќак


Улоги:

ХокстонМаја Љутков
ГригЖарко Спасовски
ШведскаФаик Мефаилоски
ГрејсТалија Настова


Жанр: современа драма


Времетраење: 2 часа


Премиера: 24-ти април 2019, Голема сцена


„Злосторството на 21 век“ е македонска праизведба на третиот драмски текст од антивоената трилогија на Едвард Бонд, еден од највлијателните и најконтроверзните драмски автори во модерната драматургија.

Едвард Бонд (роден 1934) е англиски драмски писател, театарски режисер, поет, теоретичар и сценарист. Тој е автор на педесетина пиеси, меѓу кои Спасени (1965), чија изведба придонесе за укинувањето на цензурата во театарот во Велика Британија. Многумина го сметаат Бонд за еден од најважните живи драмски автори, но тој отсекогаш бил и останува длабоко контроверзен поради насилството прикажано во неговите пиеси, радикалноста на неговите ставови за модерниот театар и општеството, како и неговите теории за драмата.

„Злосторството на 21 век“ е напишан во 1999 година, а дејството е сместено во втората половина на 21 век. Tоа е дистопична визија на еден свет во кој човештвото е под тотален надзор/контрола. Четворицата отпадници од цивилизацијата се бегалци од жигосувањето со микрочипови, се кријат во урнатините и бегаат од законот, а во нивните односи доминира стравот од поткажување или откривање.

„Свадбата“

СВАДБАТА е претстава за комплексноста на човечките животи кои што константно се поставени пред нови, непредвидливи предизвици. Свадбата на која што присуствуваат нашите четири ликови е централна точка, главен мотив, за откривањето на многу бизарни и неочекувани меѓучовечки врски. На површина доаѓаат многубројните трауми од минатото кои што го определуваат општествено социјалниот контекст на ликовите. Во овој век на либерален капитализам, каде што финансиите масовно го определуваат нашето секојдневие, човечките животи и индивидуалните приказни се најважното средство за борба против суровата и неповратна глобализација. Свадбата е ринг на бескрајните  човечки страсти.
Софија Ристевска Петрушева / режисер