Вести

Ана Комнена

АНА ОД ВИЗАНТИЈА

Кога за протагонистката на својата пиеса ја избрал Ана Комнена, автентичната византиска принцеза од ХI/ХII век, Сашо Димоски не тргнал да пишува нешто што колоквијално би можело да се нарече „историска драма“, дури ни нешто што феноменолозите би го нарекле „драма на историјата“. Тој решил да нè вовлече во своевидната игра помеѓу она што очекуваме дека ќе го видиме и сето она неочекувано и „необично“ што, сплотени, треба да ни го произведат драмскиот текст и неговата комплексна театарска инсценација. Бидејќи секоја театарска инсценација се случува „во живо“, пред нашите очи, „сега и овде“, токму во мигот додека ја проследуваме, Ана Комнена на Димоски итро ја „прескокнува“ рамката од илјада години што би требало да нè делат од нејзиниот иницијален историски контекст и куражно ни ги отвора можностите за поинаква рецепција на сето она што го имплицираат нејзиното име, приказните за неа, аурата што го поддржува нејзиниот мит, нејзината книжевна оставнина… Пишувајќи ја „Ана Комнена“, Димоски не ги театрализира само некои од фактите што ја создаваат биографијата на една нестандардна историска персона, туку го истражува и она што теоријата на рецепција го нарекува хоризонт на очекување: имено, начинот на кој гледачите го декодираат таканареченото театарско уметничко дело.

Иако тоа ‒ можеби ‒ и не се гледа на прв поглед, пиесата на Димоски не ги театрализира драматичните епизоди од биографијата на Ана Коменена, туку доминантното прашање на нејзината егзистенција: нејзиното право на опстанокот и на (само)потврдувањето на сопствениот идентитет. Женскиот идентитет.

                                                                                                                Јелена Лужина

Автор на текст: Сашо Димоски

Режија: Ненад Витанов и Васил Зафирчев

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Раде Василев

Автор на музика: Сашко Костов

УЛОГИ

Ана Комнена – Кети Борисовска

Учителот – Васил Зафирчев

Алексеј Комнен – Јордан Витанов

Ирина Комнена – Весна Димитровска Бобевски

Марија Аланска – Зорица П. Панчиќ

Јован Комнен – Жарко Спасовски

Исак Комнен – Александар Велјановски

Никифор Брени – Самоил Стојановски

Петар Хермит – Фаик Мефаилоски

Дандоло – Даријан Петров

Кинескиот трговец – Талија Настова

Константин Дука – Андреј Серафимовски

Водачот на актерите – Маја Љутков

Прв актер – Александар Ѓорѓиев

Втор актер – Кирил Гравчев

Трет актер – Марија Стефановска

Четврт актер – Румена Шопова

Did you like this? Share it!

0 comments on “Ана Комнена

Comments are closed.