Друг Уметнички и Помошен Уметнички Кадар

Деан Дамјановски

Име и презиме: Деан Дамјановски

Роден: 17 јуни 1978 во Скопје

Дипломира: на Театарскиот факултет на Новиот Бугарски Универзитет во Софија и се стекнува со професионално звање театарски режисер. Во 2006-та година магистрира на истиот факултет. Во 2013-та година, на Факултетот за драмски уметности во Скопје се стекнува со научното звање –  Доктор на драмски уметности.

Вработен во театарот: режисер, 2014

Најзначајни претстави:

  • „Во самотијата на памучните полиња“, во Велес
  • „Приказни од шестиот кат“ во Велес,
  • „Грев или шприцер“во Драмски театар
  • „Жив чоек“ во Драмски театар,
  • „Учени жени“ во МНТ,
  • „Горчливите солзи на Петра Фон Кант“во Битола
  • „Хамлет за почетници“ во Битола,
  • „Дванаесетта ноќ“ во Струмица,
  • „Пепелашка“ во Театарот за Деца и Младинци во Скопје и други.

Награди:

2012 – Најдобра сценска драматизација за претставата „Приказната на Шехерезада и Шахријар“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“

2015 – Најдобра сценска драматизација за претставата „Приказни од шестиот кат“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Сашо Димоски

Име и презиме: Сашо Димоски

Роден: 21.10.1985, Охрид

Дипломира: докторанд по сценскоизведувачки уметности при ФДУ, Скопје

Вработен во театарот: драматург, 2014

Најзначајни улоги/претстави: автор на драмските текстови поставени на сцената на Велешкиот театар:

  • Федра,
  • Ана Комнена,
  • Шумата на моето дрво,
  • Кралските копилиња.

Автор на либретата за современ балет:

  • Црвената соба (МОБ) и
  • Дервишот и Смртта (НХК Сплит).

Други драмски текстови поставени на сцена:

  • Алма Малер“ (МНТ),
  • Парламентарки“ (НТ Охрид и НТ Ниш),
  • Госпоѓиците од Авињон“ (МНТ),
  • Медеја“ (ФАД Стоби),

Драматург на претставите:

  • Крал Иби“,
  • „Добрата надеж“,
  • „Театар, љубов моја“,
  • „Тоалет за дами“

Режисер на претставата: „Кралски копилиња“

Награди:

2016 – Национална награда за најдобар современ драмски текст за текстот „Госпоѓиците од Авињон“

 Рациново признание за романот „Петтото годишно време“