Uncategorized

Васил Зафирчев

Име и презиме: Васил Зафирчев

Роден: 1980 година во Велес

Дипломира: 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје

Вработен во театарот: 2009 година како уметнички директор

Најзначајни улоги/претстави во театарот:

  • Лелио во „Комедија А“
  • Јанко во „Елешник“
  • Креонт во „Ојдип тиранин“
  • Хенрик во „Змејот“
  • Неоптолем во „Филоктет“
  • Јеленче во „Радован трети“
  • Лисистрата во „Лисистрата“
  • Авторски проект „Пијанистот“
  • Ромео, Макбет и Полоние во „Стрип Шкеспир“
  • Дилерот во „Во самотијата на памучните полиња“
  • Сократ во „Облаци“
  • Гуле во „Будење“
  • Коља во „Четвртата сестра“
  • Зганарел во „Дон Жуан“
  • Режија и адптација на „Х-Хамлет“
  • Дионис во „Баханалии“
  • Инкасаторот и Константин во „ММЕ кој прв почна“
  • Евгениј Онегин во „Онегин“
  • Игнат во „Шашарадисани времиња“
  • Никола во „Ноќите во бел сатен“
  • Шутот во „Кралот Лир“
  • Доктор Филип во „Најважната работа на светот“
  • Ричард во „Приказни од шестиот кат“
  • Хиполит во „Федра“
  • „Старицата од Калкута“
  • Клеменс Бос во „Добрата надеж“
  • Учителот во „Ана Комнена“
  • „Шумата на моето дрво“
  • Дрвосечачот во „Волшебникот од Оз“
  • Смирнов во „Вдовицата се мажи“
  • Алекс/Ла Џана во „Тоалет за дами“
  • Агамемнон во „Кралските копилиња“
  • Вештерот во „Заспаниот супер херој“

Награди:

  • Награда за најдобар млад актер за улогата на Јанко во претставата „Елешник“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2000
  • Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Деметар во претставата „Сон на летната ноќ“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2001
  • Награда за најоригинална и најекстравагантна претставата за моноперформансот „Пијанистот“ на Интернационалниот фестивал на моноперформанси „Видлуња“, Киев, Украина, 2002
  • Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Лисистрата во претставата „Лисистрата“ на Првиот интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, 2002
  • Награда за најпопуларен актер на ревијата „Вечер“, 2003
  • Награда за најпопуларен актер „Златна Бубамара“, 2003
  • Награда „Златна маска“ на ревијата „Вечер“ за авторскиот проект „Пијанистот“ на Фестивалот „Охридско лето“, 2003
  • Награда за најдобро актерско остварување „Златна маска“ на ревијата „Вечер“ за улогата на Лисистрата во претставата „Лисистрата“ на Фестивалот „Охридско лето“, 2003
  • Награда „Зоран Радмиловиќ“ за најдобра улога во комедија за улогата на Јеленче во претставата „Радован трети“ на Интернационалниот театарски фестивал „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Зајечар, Србија, 2003
  • Награда за специјален уметнички израз и највисока естетика за моноперформансот „Пијанистот“ на Интернационалниот фестивал на моноперформанси „Арммоно“, Ереван, Ерменија, 2004
  • Награда за највисоко актерско остварување за улогата на Последниот маж во претставата „Последниот маж, последната жена“ на Интернационалниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, Струмица, 2005
  • Награда „9-ти Ноември“ – највисоко општинско признание на град Велес за афирмација на Велес во областа на културата, 2005
  • Награда за најпопуларен актер „Златна Бубамара“, 2006
  • Награда за најдобра претстава за претставата „Стрип Шекспир“ на Интернационалниот театарски фестивал „Театар од ништо“, Санкт Петербург, Русија, 2006
  • Награда за најдобра претстава за претставата „Баханалии“ на Интернационалниот театарски фестивал на античка драма „Стоби“, 2010
  • Награда за најдобро актерско оставрување за буто-перформансот „Дневникот на хулиганот“ на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, Скопје, 2014
  • Награда за најдобра претставата на мала сцена за перформансот „Шумата на моето дрво“ на Интернационалниот театарски фестивал „Бабел“, Трговиште, Романија, 2017
  • Награда за најдобра странска претстава за претставата “Вдовицата се мажи” на Меѓународниот театарски фестивал “Руска класика”-Лобња во Москва, Русија, мај, 2018
  • Награда за најдобар актерски ансамбл за улогата на Смирнов во претставата “Вдовицата се мажи” на Меѓународниот театарски фестивал “Руска класика”- Лобња во Москва, Русија, мај, 2018