Име и презиме: Деан Дамјановски
Роден: 17 јуни 1978 во Скопје
Дипломира: на Театарскиот факултет на Новиот Бугарски Универзитет во Софија и се стекнува со професионално звање театарски режисер. Во 2006-та година магистрира на истиот факултет. Во 2013-та година, на Факултетот за драмски уметности во Скопје се стекнува со научното звање – Доктор на драмски уметности.
Вработен во театарот: режисер, 2014
Најзначајни претстави:
- „Во самотијата на памучните полиња“, во Велес
- „Приказни од шестиот кат“ во Велес,
- „Грев или шприцер“во Драмски театар
- „Жив чоек“ во Драмски театар,
- „Учени жени“ во МНТ,
- „Горчливите солзи на Петра Фон Кант“во Битола
- „Хамлет за почетници“ во Битола,
- „Дванаесетта ноќ“ во Струмица,
- „Пепелашка“ во Театарот за Деца и Младинци во Скопје и други.
Награди:
2012 – Најдобра сценска драматизација за претставата „Приказната на Шехерезада и Шахријар“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“
2015 – Најдобра сценска драматизација за претставата „Приказни од шестиот кат“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“
0 comments on “Деан Дамјановски”