Информации од јавен карактер

Оглас за вработување

    Врз основа на член 76-а, 76-б, член 77-а став 1 и став 2, член 77-б, 77-в, 77-г и член 77-д од Законот за култура, а во врска со Одлуката за објавување на јавен оглас бр: 02-38/2 oд 05.02.2019 година , Правилник за формата и содржината на јавниот оглас за вработени во јавниот сектор (сл. Весник 34/15) и Согласност од Министерство за финансии бр.18-1403/2 од 01. 02.2019  година, се објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

БР. 04-41/1 од 05.02.2019 .
  1. „НУЦК ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, има потреба од вработување на тројца извршители на следното работно место:
Актер трета група– три (3) лица со шифра КУЛ 03 04 А05 011, категорија А - уметници, ниво А5 на определено време од 5 години, со полно работно време, (40 работни часа неделно, нето плата без минат труд ќе изнесува 23.148,00денари .
  1. Кандидатот треба да ги исполни следните општи услови:
-   да е полнолетен,

-   да има општа здравствена способност за работното место

-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење  професија, дејност или должност.
  • Покрај општите услови за пополнување на работно место актер – Трета група ,  кандидатот треба да ги исполни и следните посебни услови како:
  • Вид на образование: високо образование или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен драмски уметности, отсек актер или средно уметничко образование;
  • Работно искуство: до 1 (една) година во струката;
  1. Пријавата за вработување особено содржи:
-  податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеeње, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон)

-  кратко мотивациско писмо;

-  кратка биографија;

- изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

-  изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
  • Кандидатите кон пријавата треба да приложат и:
-  уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

-  доказ за работно искуство во струката

-  потврда дека да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или  должност(не постара од 6 месеци)

-  лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци)

-  други документи наведени во точка 3 од овој Оглас;

Јавниот оглас трае 15 (петнаесет ) дена од денот на објавување во дневниот печат.

Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и аудиција .

Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази имаат право да продолжат на аудиција.

Пријавите со потребни документи да се достават до архивата на Центарот за култура или на адреса: НУЦК ,, Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, ул.Петре Прличко бб Велес


 Некомплетно или ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат.

Контакт телефон: 043-231-750




НУЦК „Јордан Х.К.Џинот“ Велес

в.д.Директор
Александар Ивановски

 

НУЦК ,,Јордан Јордан Х.К.Џинот,, Велес објавува:

ИСПРАВКА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БРОЈ: 04-42/1 од 05.02.2019 ГОДИНА


Во јавниот оглас број: 04-42/1 од 05.02.2019 година објавен на 07.02.2019 година (Четврток), во дневните весници „Нова Македонија“ „Вечер“ и „Коха“ во делот: „ Јавниот оглас трае 8 (осум) дена од денот на објавување во дневниот печат“,  „8“ (осум) се заменува со „15“(петнаесет).
Рокот за пријавување трае од денот на првично објавување јавниот оглас а не од денот на објавување на исправката.
Во останатиот дел јавниот оглас број: 04-42/1 од 05.02.2019 година останува непроменет.



НУЦК „Јордан Х.К.Џинот“ Велес

в.д. Директор
Александар Ивановски
  Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работни односи - Пречистен текст (Сл.Весник на РМ бр.167/2015 и 27/16), член 76 и 76-ж и 76- д од Законот за култура (Сл. весник на РМ 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20 - г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ од 27/2014, 199/2014 и 27/2016), Одлуката за објавување на јавен оглас бр.02-38/1 од 05.02.2019 година и согласност од министерство за финансии број:18-1403/2 oд 01.02.2019,  НУЦК ,,Јордан Јордан Х.К.Џинот,, Велес распишува

ЈАВЕН ОГЛАС НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ПОД БРОЈ: 04-42/1 од 05.02.2019


НУЦК ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, има потреба од вработување на неопределено време и тоа на:
  1. Суфлер - (1 извршител) Шифра КУЛ КУЛ 03 04 Г03 010, да има најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование (40 часа неделно). Основна нето плата 17.016,00 ден.
  • Работно искуство : до 1 (една) година.
  1. Друг работник за прием на посетители - (2 извршители)  Шифра: КУЛ 04 01 Б01 004,  да има најмалку- Средно  стручно образование/гимназиски смер,  (40 часа неделно). Основна нето плата 14.015,00 ден.
  2. Декоратер - (3 извршители) Шифра: КУЛ 04 01 А03 006, да има најмалку основно  образование,  (40 часа неделно). Основна нето плата 17.016,00 ден.
  3. Светло Мајстор  - (1 извршител) Шифра: КУЛ 04 05 А01 002, да има најмалку завршено три годишно средно стручно образование, Основна нето плата 18.015,00 ден. (40 часа неделно)
  1. Гардеробер – 1 извршител Шифра КУЛ 04 01 Б01 001, да има најмалку средно три годишно стручно образование или гимназиски смер, Основна нето плата 16.015,00 ден. (40 часа неделно)
  2. Електричар – 1 извршител Шифра: КУЛ 04 01 А01 001, да има најмалку три години средно стручно образование Основна нето плата 16.508,00 ден. (40 часа неделно)
  1. Електроничар- 1извршител, Шифра КУЛ 04 01 А01 002, да има најмалку три години средно стручно образование.  Основна нето плата 17.508,00 ден. (40 часа неделно).
  1. Тон Мајстор -1 извршител, Шифра КУЛ 04 05 А01 004, да има најмалку три години средно стручно образование. Основна нето плата 18.015,00 ден. (40 часа неделно).
 Кандидатот кон пријавата треба да приложи докази за исполнетост на општите услови за вработување и тоа:

-Уверение за државјанство; (не постаро од 6 месеци)
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-лекарско уверение (не постаро од шест месеци)
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.( не постара од шест месеци)

Покрај докази за исполнетост на општите услови за вработување, кандидатот треба да достави и докази за исполнетост на посебните услови за вработување, и тоа:

- диплома/ уверение за завршено образование, оригинал или копија заверена на нотар;

- кратка биографија, и

- фотокопија од лична карта.

Јавниот оглас трае 8 (осум) дена од денот на објавување во дневниот печат.

Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Театарот, или на адреса: НУЦК ,, Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, ул. Петре Прличко бб, Велес

 За изборот ќе се известат пријавените кандидати. Изборот ќе се изврши согласно законските прописи  и правни акти на Театарот.

Контакт телефон : 043-231-750





НУЦК„Јордан Х.К.Џинот“ Велес

в.д. Директор Александар Ивановски

Пријавата за вработување можете да ја симнете на линкот овде.