Вести

„ЛИБЕРТАНГО“ – балетска претстава

„ЛИБЕРТАНГО“ – балетска претстава

Гостување на Македонската Опера и Балет

Кореографија: Сабрина Боско (Италија)

Либрето и режија: Наташа Поплавска

Костим и сцена: Александар Ношал

Подела:

Асунта Манети (мајка на Пијацола): Александра Мијалкова

Висенте „Нонино“ Пијацола (татко на Пијацола): Васил Чичијашвили (Грузија)

Мариа Ниевес (танго танчарка): Мими Поп Алексова Атанасовска

Хуан Карлос Копен (танго танчар): Игор Веланоски

Карменита Калдертон (последната жена на Пијацола): Наташа Јосифовска

Деде Волф (првата жена на Пијацола): Саша Евтимова

3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук (Англија), Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ

Пијацола – дете: Марко Здравковски

Пијацола млад: Ендру Кук (Англија)

Пијацола стар: Драган Кочоски

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

ЛИБЕРТАНГО на големиот Астор Пјацола, кој се раѓа токму во Буенос Аирес, каде што живее и твори музика, отвора нов правец на тангото наречен ново танго (Tango Nuevo). Со креативниот подем на овој редок и светски познат композитор со нови звуци се преплавуваат светската музичка и танцова сцена, а тангото го задржува своето високо значајно место. Музиката на Пјацола ги спојува џезот, класиката и музиката на трите народи: Италија, Шпанија и Аргентина. Живеејќи меѓу улицата, клубот, музиката и танцот, класиката, џезот, универзитетот и талентот, помеѓу Буенос Аирес и Париз, Астор Пјацола ја создава една од најубавите танго-композиции на 20 век, ЛИБЕРТАНГО.

Did you like this? Share it!

0 comments on “„ЛИБЕРТАНГО“ – балетска претстава

Comments are closed.