Вести

Одам на лов

“ОДАМ НА ЛОВ

 ЖОРЖ ФЕЈДО

Режија: Деан Дамјановски

Драматург: Сашо Димоски

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Елена Вангеловска

Избор на музика: Горан Трифуновски – Пајак

Улоги:

ЛеонтинаМаја Љутков

Дишотел – Фаик Мефаилоски

Морис – Васил Зафирчев

КасањСамоил Стојановски

Гонтран – Жарко Спасовски

Г-ѓа Латур – Кети Борисовска

Бабет – Талија Настова

Бридоа – Жарко спасовски

 Жанр: Комедија

Времетраење: 2 часа и 20 минуи

Премиера: 14-ти септември 2019, Голема сцена

„Како да поставиме комична фарса во овој век на противречности, еколошки катастрофи, огромни разлики и социјална поделеност, свет во кој нештата се менуваат со брзината на интернетот? Дали овој жанр ќе остане само некој вид историски експонат или може да добие на актуелност? Кои се овие ликови, затворени во својот свет на вонбрачни љубовни интриги, незаинтересирани за светот околу нив?Нашата претстава Одам на лов е осовременување на една класична комична фарса, во насока на излегување од нејзиниот херметизами отворање кон актуелниот општествено социјален момент. Жанровски таа личи на своевиден телевизиски ситком, со сите негови типизирани ликови и заплети, но таков, во којшто на моменти гледаме од другата страна на кулисата, од другата страна на смеата“.

Деан Дамјановски, режисер