Вести

„ЛИБЕРТАНГО“ – балетска претстава

„ЛИБЕРТАНГО“ – балетска претстава

Гостување на Македонската Опера и Балет

Кореографија: Сабрина Боско (Италија)

Либрето и режија: Наташа Поплавска

Костим и сцена: Александар Ношал

Подела:

Асунта Манети (мајка на Пијацола): Александра Мијалкова

Висенте „Нонино“ Пијацола (татко на Пијацола): Васил Чичијашвили (Грузија)

Мариа Ниевес (танго танчарка): Мими Поп Алексова Атанасовска

Хуан Карлос Копен (танго танчар): Игор Веланоски

Карменита Калдертон (последната жена на Пијацола): Наташа Јосифовска

Деде Волф (првата жена на Пијацола): Саша Евтимова

3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук (Англија), Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ

Пијацола – дете: Марко Здравковски

Пијацола млад: Ендру Кук (Англија)

Пијацола стар: Драган Кочоски

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

ЛИБЕРТАНГО на големиот Астор Пјацола, кој се раѓа токму во Буенос Аирес, каде што живее и твори музика, отвора нов правец на тангото наречен ново танго (Tango Nuevo). Со креативниот подем на овој редок и светски познат композитор со нови звуци се преплавуваат светската музичка и танцова сцена, а тангото го задржува своето високо значајно место. Музиката на Пјацола ги спојува џезот, класиката и музиката на трите народи: Италија, Шпанија и Аргентина. Живеејќи меѓу улицата, клубот, музиката и танцот, класиката, џезот, универзитетот и талентот, помеѓу Буенос Аирес и Париз, Астор Пјацола ја создава една од најубавите танго-композиции на 20 век, ЛИБЕРТАНГО.

Спанаќ со пржени компири

Праизведба на текстот на Унгарскиот  автор Золтан  Егреши во Македонија.

Претставата е современа комедија со одредени мелодрамски елементи, која ги третира осовременети проблеми на обичниот човек.  Во конкретниот случај тоа се тројца фудбалски судии, претставата го следи нивниот свет во текот на 90 минути додека трае еден натпревар. Иако можеби  првичен впечаток е дека темата е  фудбалот, темата е страста кон животот, страста кон љубовта, спротивниот пол, растежите и падовите. Тројца судии, тројца ликови, секој со своја приказна, секој на свој начин различни, со длабока емотивна приказна.

Автор на текст: Золтан Егреши

Режија: Ненад Витанов

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Александра Крнинова – Груев

Избор на музика: Ненад Витанов

УЛОГИ

Лаци – Фаик Мефаилоски

Уметникот – Жарко Спасовски

Сапунот – Владимир Тулиев

ШЕКСПИРИЈАДА

Универзитет за аудивизуелни уметности ЕФТА Скопје

Испит по актерска игра 5

„ШЕКСПИРИЈАДА“

Класа по актерска игра на проф. Дејан Пројковски

                                                Асс. Андреј Цветановски

                                                Демонстратор – Марија Петреска

  1. Венецијански Трговец
  • Шајлок – Никола Јанев
  • Антонио – Андреј Лалчевски
  • Басанио – Кристијан Саздовски
  1. Макбет
  • Макбет – Андреј Лалчевски
  • Лејди Макбет – Марија Кондовска
  • Вештерки – Кристина Гиева

   Ванеса Тримчевска

   Марија Баркова

  • Банко – Матеј Стојковски
  1. Хамлет
  • Хамлет – Харис Салковски
  1. Ромео и Јулија
  • Ромео – Никица Јанковски
  • Јулија – Марија Баркова
  1. Ромео и Јулија
  • Ромео – Кристијан Саздовски
  • Јулија – Марија Кондовска
  1. Ричард – Лејди Ана

Ричард – Томе Станковски

Лејди Ана – Кристина Гиева

  1. Ричард – Елизабета

Ричард – Андреј Лалчевски

Елизабета – Марија Кондовска

  1. Макбет – Лејди Макбет

Макбет – Матеј Стојковски

Лејди Макбет – Марија Баркова

  1. Отело – Дездемона

Отело – Кристијан Саздовски

Дездемона – Ванеса Тримчевска

  1. Лир – Регана – Гонерила

Крал Лир – Матеј Стојковски

Регана – Кристина Гиева

Гонерила – Марија Кондовска

 

Ние сме од таков материјал, од кој и соништата се направени, и нашите мали животи се заокружени со сон! – Бура, Вилијам Шекспир