Вести

Лисистрата

„ЛИСИСТРАТА“

од Аристофан

Режија и сценска адаптација: Хакоб Газанчјан

Сценограф: Хакоб Газанчјан

Асистент на сценографот: Софија Стојаноска

Костимограф: Катерина Чукниева

Избор на музика: Хакоб Газанчјан

ЛИКОВИ:

Лисистрата: Ирена Илиевска

Калоника: Марина Поп-Панкова

Мирина: Кети Борисовска

Лампита: Талија Настова

Стримидор: Самоил Стојановски

Филург: Драгана Босниќ

Пратеникот: Васил Зафирчев

Спартанскиот амбасадор: Жарко Спасовски

Кинесиј: Фаик Мефаилоски

Телохранители: Кире Ацевски и Ане Павлов

Времетраење: 70 минути

Место на дејството на претставата: плоштадот спроти „Акропол“. „Акропол“ во наводници бидејќи тоа не е Атинскиот Акропол, туку јавна куќа со име „Акропол“ во Н-тиот град.  Да, штрајкуваат проститутките од „Акропол“ кои се заклучиле внатре во борделот и не ги пуштаат мажите кај себе, додека бандите војуваат едни со други. Државните работи се превртувааат од нога на глава не заради рационални причини, туку заради штрајкот во борделот.

Хакоб Газанчјан

 

„Театар, љубов моја“

Комедијата „Театар, љубов моја“ од современиот бугарски автор Валери Петров, во својата оригинална верзија е дует напишан за две познати буагрски актерки: Тања Масалитинова и Славка Славова, додека адаптацијата на претставата во режија на Деан Дамјановски е сепарирана на уште две улоги, организирани во два дуети: две стари актерки, на залезот на своите кариери и две актерки кои ги толкуваат првите додека биле во зенитот на кариерата. Во квартетен формат, оваа комедија го отсликува животот на актерите зад кулисите, приватниот живот, нивните меѓусебни ривалства, нивните партнерства и сето она што се случува зад сцената, далеку од љубопитното око на гледачот во театарскиот салон.

Автор
Валери Петров

Режија
Деан Дамјановски

Драматург
Сашо Димоски

Сценографија
Филип Коруновски

Костимографија
Раде Василев

Автор на музика
Сашко Костов

УЛОГИ
Кица Ивковска
Зорица П. Панчиќ
Кети Борисовска
Талија Настова