Вести

Талија Настова

Име и презиме:Талија Настова

Родена: 01.03.1993,Велес

Дипломира: Дипломирана на Факултетот за драмски уметности ФДУ-Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2015 година.

Вработена во театарот: 2015 година,Актер

Најзначајни улоги/претстави:

  • „Приказни од шестиот кат“,
  • „Класен непријател“,
  • „Старицата од Калкута“,
  • „Волшебникот од Оз“-Дороти,
  • „Добрата надеж“-Џо
  • Театар, љубов моја“,
  • Кралските копилиња“– Електра

Награди:

2016 – Награда за актерско остварување во „Старицата од калкута“ за најдобра млада актерка на фестивалот „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

 

 

Сашо Димоски

Име и презиме: Сашо Димоски

Роден: 21.10.1985, Охрид

Дипломира: докторанд по сценскоизведувачки уметности при ФДУ, Скопје

Вработен во театарот: драматург, 2014

Најзначајни улоги/претстави: автор на драмските текстови поставени на сцената на Велешкиот театар:

  • Федра,
  • Ана Комнена,
  • Шумата на моето дрво,
  • Кралските копилиња.

Автор на либретата за современ балет:

  • Црвената соба (МОБ) и
  • Дервишот и Смртта (НХК Сплит).

Други драмски текстови поставени на сцена:

  • Алма Малер“ (МНТ),
  • Парламентарки“ (НТ Охрид и НТ Ниш),
  • Госпоѓиците од Авињон“ (МНТ),
  • Медеја“ (ФАД Стоби),

Драматург на претставите:

  • Крал Иби“,
  • „Добрата надеж“,
  • „Театар, љубов моја“,
  • „Тоалет за дами“

Режисер на претставата: „Кралски копилиња“

Награди:

2016 – Национална награда за најдобар современ драмски текст за текстот „Госпоѓиците од Авињон“

 Рациново признание за романот „Петтото годишно време“

Вдовицата се мажи

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова.

„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.

Актери кои играат во претставата се:

Младен Крстевски

Васил Зафирчев

Марина Поп Панкова

Според „Мечка“ на А.П. Чехов,

Режија: Младен Крстевски