Вести

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АКТЕРИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Врз основа на член 76-а, 76-б, член 77-а став 1 и став 2, член 77-б, 77-в, 77-г и член 77-д од Законот за култура, а во врска со Одлуката за објавување на јавен оглас бр: 02-38/2 oд 05.02.2019 година , Правилник за формата и содржината на јавниот оглас за вработени во јавниот сектор (сл. Весник 34/15) и Согласност од Министерство за финансии бр.18-1403/2 од 01. 02.2019  година, се објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 04-41/1 од 05.02.2019 .

  1. „НУЦК ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, има потреба од вработување на тројца извршители на следното работно место:

Актер трета група– три (3) лица со шифра КУЛ 03 04 А05 011, категорија А – уметници, ниво А5 на определено време од 5 години, со полно работно време, (40 работни часа неделно, нето плата без минат труд ќе изнесува 23.148,00денари .

  1. Кандидатот треба да ги исполни следните општи услови:

–   да е полнолетен,

–   да има општа здравствена способност за работното место

–   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење  професија, дејност или должност.

  • Покрај општите услови за пополнување на работно место актер – Трета

група ,  кандидатот треба да ги исполни и следните посебни услови како:

  • Вид на образование: високо образование или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен драмски уметности, отсек актер или средно уметничко образование;
  • Работно искуство: до 1 (една) година во струката;
  1. Пријавата за вработување особено содржи:

–  податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеeње, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон)

–  кратко мотивациско писмо;

–  кратка биографија;

– изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

–  изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

  • Кандидатите кон пријавата треба да приложат и:

– уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

– доказ за работно искуство во струката

–  потврда дека да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или  должност(не постара од 6 месеци)

–  лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци)

– други документи наведени во точка 3 од овој Оглас;

Јавниот оглас трае 15 (петнаесет ) дена од денот на објавување во дневниот печат. Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и аудиција .

Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази имаат право да продолжат на аудиција.

Пријавите со потребни документи да се достават до архивата на Центарот за култура или на адреса: НУЦК ,, Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, ул.Петре Прличко бб Велес

Некомплетно или ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат.

Контакт телефон: 043-231-750

НУЦК „Јордан Х.К.Џинот“ Велес

в.д.Директор Александар Ивановски

Документот можете да го симнете на линкот овде.

Пријавата за вработување можете да ја симнете на линкот овде.

Did you like this? Share it!

0 comments on “ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АКТЕРИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Comments are closed.