Вести

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работни односи – Пречистен текст (Сл.Весник на РМ бр.167/2015 и 27/16), член 76 и 76-ж и 76- д од Законот за култура (Сл. весник на РМ 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ од 27/2014, 199/2014 и 27/2016), Одлуката за објавување на јавен оглас бр.02-38/1 од 05.02.2019 година и согласност од министерство за финансии број:18-1403/2 oд 01.02.2019,  НУЦК ,,Јордан Јордан Х.К.Џинот,, Велес распишува

       ЈАВЕН ОГЛАС НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ПОД БРОЈ: 04-42/1 од 05.02.2019

НУЦК ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, има потреба од вработување на неопределено време и тоа на:

  1. Суфлер – (1 извршител) Шифра КУЛ КУЛ 03 04 Г03 010, да има најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование (40 часа неделно). Основна нето плата 17.016,00 ден.
  • Работно искуство : до 1 (една) година.
  1. Друг работник за прием на посетители – (2 извршители)  Шифра: КУЛ 04 01 Б01 004,  да има најмалку- Средно  стручно образование/гимназиски смер,  (40 часа неделно). Основна нето плата 14.015,00 ден.
  2. Декоратер – (3 извршители) Шифра: КУЛ 04 01 А03 006, да има најмалку основно  образование,  (40 часа неделно). Основна нето плата 17.016,00 ден.
  3. Светло Мајстор  – (1 извршител) Шифра: КУЛ 04 05 А01 002, да има најмалку завршено три годишно средно стручно образование, Основна нето плата 18.015,00 ден. (40 часа неделно)
  1. Гардеробер – 1 извршител Шифра КУЛ 04 01 Б01 001, да има најмалку средно три годишно стручно образование или гимназиски смер, Основна нето плата 16.015,00 ден. (40 часа неделно)
  2. Електричар – 1 извршител Шифра: КУЛ 04 01 А01 001, да има најмалку три години средно стручно образование Основна нето плата 16.508,00 ден. (40 часа неделно)
  1. Електроничар- 1извршител, Шифра КУЛ 04 01 А01 002, да има најмалку три години средно стручно образование.  Основна нето плата 17.508,00 ден. (40 часа неделно).
  1. Тон Мајстор -1 извршител, Шифра КУЛ 04 05 А01 004, да има најмалку три години средно стручно образование. Основна нето плата 18.015,00 ден. (40 часа неделно).

 Кандидатот кон пријавата треба да приложи докази за исполнетост на општите услови за вработување и тоа:

    -Уверение за државјанство; (не постаро од 6 месеци)

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен; -лекарско уверение (не постаро од шест месеци)

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.( не постара од шест месеци)

Покрај докази за исполнетост на општите услови за вработување, кандидатот треба да достави и докази за исполнетост на посебните услови за вработување, и тоа:

– диплома/ уверение за завршено образование, оригинал или копија заверена на нотар;

– кратка биографија, и

– фотокопија од лична карта. Јавниот оглас трае 8 (осум) дена од денот на објавување во дневниот печат.

Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Театарот, или на адреса: НУЦК ,, Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Велес, ул. Петре Прличко бб, Велес

 За изборот ќе се известат пријавените кандидати. Изборот ќе се изврши согласно законските прописи  и правни акти на Театарот. Контакт телефон : 043-231-750 НУЦК„Јордан Х.К.Џинот“ Велес в.д. Директор Александар Ивановски

Документот можете да го симнете на линкот овде.

Пријавата за вработување можете да ја симнете на линкот овде.

Did you like this? Share it!

0 comments on “ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Comments are closed.