Вести

Синиот портокал

Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националност и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа драма топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација. Во оригиналната драма централен лик е афроамериканец, кој доаѓа од црнечкото гето и е болен од шизофренија. Оваа драма е уште и за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.  Ликови се Брус, Кристофер и Роберт. Брус е психијатар со помало искуство од Роберт, но многу е приврзан за својот пациент. Иако на двата еминентни психијатри би требало да им биде поважен животот на пациентот, бирократските правила, колегијалните местенки и ривалството во еден момент стануваат поважни од се.

Текст: Џо Пенхол

Режија: Александар Ивановски

Драматург: Катерина Момева

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Раде Василев

Автор на музика: Сашко Костов

Актери:

Самоил Стојановски

Жарко Спасовски

Фаик Мефаиловски

Did you like this? Share it!

0 comments on “Синиот портокал

Comments are closed.