Вести

„ШУМАТА НА МОЕТО ДРВО“

„ШУМАТА НА МОЕТО ДРВО“

Продуцент: Северно од Импакт
Копродуцент: Театар „ЈХК-Џинот“
Премиера: 27.04.2017, Велес, Македонија

Режија: Александар Ивановски
Текст: Сашо Димоски
Игра: Васил Зафирчев
Композитор и изведба во живо: Сашко Костов

“Шумата на моето дрво” е поток на зборови и пулсирачки мускули кои отвораат поглед кон еден нестабилен свет. Таа е ноќна одисеја низ стомакот на една шума која умира, на еден човек кој се обидува да најде смисол во својот живот и во својот статус како туѓинец.

Со бели дробови исполнети со епски здив, преку полифонска карактеризација, неименуваниот лик нè соочува со нашите сопствени стравови, со стравот од самите себе, но главно со стравот од другите, таканаречениот “политички нихилизам на крајот на дваесеттиот век”, односно на зборот надвор од поделбата на двојното значење, на колективната историја и на индивидуалните приказни.

Може ли оваа метафоричка визија на другиот да нѐ натера да ја видиме нашата сопствена слика? Сликата првенствено на поединци длабоко стоичка и неразјаснета против осаменоста на другите? Карактерот кој зборува во оваа медитација е метонимичка фигура на исклучување преку која претставата зборува за “исклучениот”, за макрокосмосот на капиталистичкото општество во контраст со сеприсутните расположенија на еден човек како и секој друг.

Фестивалски настапи:
Интернационален театарски фестивал “БАБЕЛ, Трговиште, Романија
Интернационален театарски фестивал “МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР”, Скопје, Македонија
Интернационален театарски фестивал “СТ БОМБ”, Сеул, Јужна Кореја
Интернационален театарски фестивал на античка драма “СТОБИ”, Велес, Македонија

Награди: Најдобра претстава на мала сцена, БАБЕЛ Фестивал, Романија

Јазик: Македонски јазик

Времетраење: 45 ‘

 

Did you like this? Share it!

0 comments on “„ШУМАТА НА МОЕТО ДРВО“

Comments are closed.