Автор
Горан Стефановски

Режија
Наташа Поплавска

Кореографија
Олга Панго

Дизајн на сцена и видео
Емил Петров

Музика
Џенгиз Ибрахим

Костимографија
Александар Ношпал

Фотографија за плакат и програмче
Доријан Миловановиќ

Улоги
Васил Зафирчев
Маја Љутков
Роберт Ристов
Кица Ивковска Велјановска
Кети Борисовска
Самоил Стојановски
Зорица П. Панчиќ
Слободанка Чичевска
Весна Димитровска
Едмонд Сотир
Славица Манаскова

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Плакат и Програмче
Емил Петров

Видео и фотографија
Данчо Стефков

Уметнички директор
Васил Зафирчев

Директор
Јордан Витанов

 


Тоа е она со што ние како држава интензивно се занимаваме во последниве 20 години. Го бараме својот идентитет и се обидуваме да се докажеме, а токму тоа ќе го видите во претставата.

Оваа претстава е поврзана со постоењето на Теба, која, како што велат историчарите, се простирала помеѓу Велес-Стоби и Неготино, значи она што го напишал Еврипид се случувало на ова тло и затоа претставата ја чувствувам многу блиска

Наташа Поплавска

 

КРИТИКИ:

Културен мозаик
Радио Скопје
09.04.2010

РИТУАЛОТ И ТЕАТАРОТ

( Баханалии од Горан Стефановски; режија, Наташа Поплавска; продукција: НТ Војдан Чернодрински - Велес; премиера: март 2010 г.)

Петнесеттина години по праизведбата Баханалиите на Горан Стефановски повторно се најдоа на сцената. Овој пат драмата ја реализира Народниот театар од Велес. Режисер на претставата е Наташа Поплавска. Делото за кое станува збор Стефановски го пишува по мотив на Еврипид, а поттикот како што и сам своевремно изјави е крвавиор распад на поранешната Ју федерација која апсолтуно  го асоцира на една од последните драми на Еврипид Бакхите настаната при крајот на неговиот живот  кој го минува кај  македонскиот крал Архелај. Станува збор за негово тестаментално дело кое некој, Ниче на пример, го смета за ремек дело, други го сметаат за ода религозоноста, а трети за химна на световноста, односно природноста. Горан Стефановски очигледно фасциниран од необичната фабула на оваа ретка трагедија која во својата основа ги има спаргмосот и омофагијата, односно черечењето на животните и јадењето на сирово месо, создава приказна за актуелните настани на балакнското буре барут во кое врие , а ирационалноста и лудилото како да имаат свој природен дом.

Режисерот Наташа Поплавска со својата постановка како да ја потврдува тезата на Брехт дека театарот настанал од ритуалот, но останал тоа бидејќи престанал да биде ритуал. Значи, служејќи се со ритуалните форми таа гради претстава за лудилото, за богот на занесот, лудилото, но и богот на плодноста, Дионис кој со својата женска придружба Бакхите од Арабија и Лидија стигнува во Теба, односно во нашиве балкански простори. Авторот Стефановски не пропушта да го подвлече фактот дека токму тука е пронајдена бронзената фигура на Менада која танцува во слава на Дионис. Поплавска ги апстрофира сите контексти на делото кои нему односно на претставата и даваат конкретна содржина и актуелно значење тесно поврзани со нашето време, простор, но и менталитет. Дионис стигнува во Теба преправен како гласник на богот и бара да му се оддаде почест и слава. Жителите на Теба тоа и го чинат со исклучок на младиот крал - владетелот Пентеј. И тука започнува заплетот на делото, судирот меѓу кралот и Богот. Нерамноправна битка која завршува се разбира со пораз на смртниот крал. Режисерот Поплавска создава претстава во која во еден кабаретски стил со музиката на Џенгиз Ибрахим и кореографијата на Олга Панго  актерите се препуштаат на хаосот кој значи и оргијастичко лудило, но и еротизам и заводливост. Темпото на претставата е жестоко, ритамот силен и силовит. Понекогаш и пренагласен. Едноставно страда зборот на актерите и публиката е осиромашена од можноста за следење на логичниот развој на дејството. Како се да се слева во споменатиот оргијастички стил. Помалку неочекувано Поплавска уште во самиот кастинг ја започнува маскарадата на ликовите со што се осуетува подоцнежната потреба од нивно пресвлекување во женски облеки. Ова решение се чини помалку дубиозно, а се однесува  пред се на главните ролји.

Главниот лик Богот Дионис го толкува Васил Зафирчев при што во неговата креација до израз доаѓа двојствената природа на ликот. Според митологијата тој е и Бог, но и човек затоа што е роден од врската помеѓу бесмртниот Зевс и смртната Семела. Потоа, многу често се споменува во митот дека кога тој се претвора во човек е многу налик на девојка со нежни кадрици на главата. Создаден е така што може за заведе, да збуни и да измами. Зафирчев го води дејството според однапред смислениот план бивајќи во различни ситуации, колоритен во односот со партнерите во зависност од нивната верба во него или во нивното одбивање да го чествуваат. Пентеј, кралот на Теба, типичен млад интелектуалец кој од градот сака да направи пристојно место за живеење, токму заради својата дрскост и одважност ќе биде сурово казнет. Дионис ги поведува тебанските жени на гората Китајрон каде украсени со тирсови и бршлен танцуваат и паѓаат во транс, а обидот на Пентеј да го затвори во дворецот ќе се покаже како безуспешен. Пентеј кого то толкува Маја Љутков со нешто поизразен софистициран говор кој приличи на модерен владетел од почеток е жена и нема потреба за нејзина трансформација кога заминува на Китајрон за да ги набљудува споулавените Менади меѓу кои е и неговата мајка Агава. Во стилот на ритуалниот спарагмос  жените предводени токму од Агава ќе го расчеречат Пентеј, а неговата мајка лично неговата глава ќе ја однесе во Теба замислувајќи дека е тоа глава на лав. Ролјата на Агава ја толкува Роберт Ристов би се рекло со изарзит усет и колоритност гради успешен лик, макар што и кај него, како и кај Пентеј, а потем и кај Кадмо и Тиресиј преправањето е свршен чин уште пред да почне дејството. Во овие две ролји настапуваат актерките Кица Велјановска Ивковска и Кети Борисовска. Со нешто поисцелизиран настап и актерска креација се издвојува Зорица Панчиќ во ролјата на Крчмарката, а останатите улоги се главно дел од една ансмблова  актерска игра во која доминатниот дел го има режисерот Поплавска со своите соработници. Како важен визуелен сегмент на претставата е видеото на Емил Петров, како и костимите на Александар Ношпал.

Оваа постановка на Велешкиот народен театар ја афирмира потребата од реактуелизација на  не толку одамна настанатите драмски дела како што е случајот со Баханалиите на Горан Стефановски. Се разбира, вредноста е во тоа што се создава еден сосем нов  и различен прочит од оној на режисерот Бранко Брезовац од пред  петнесеттина години односно празиведбата на текстот која се случи во рамките на фестивалот Охридско лето во 1996 година.


 Тодор Кузманов

 

Copyright © NET STUDIO total production