Автор
Братислав Димитров

Режија
Деан Дамјановски

Кореографија
Маја Каревски

Сценографија
Филип Јовановски

Костимографија
Раде Василев

Маски
Крсте Господиновски

Музика
Оливер Јосифовски

Улоги
Роберт Ристов
Маја Љутков
Кети Борисовска
Весна Димитровска
Едмонд Сотир
Љубе Терзиев
Самоил Стојановски
Ѓорѓи Бисерков - Дампе
Александар Ѓеорѓиев
Слободанка Чичевска
Кирил Гравчев

Жарко Спасовски
Фаик Мефаиловски

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Плакат и Програмче
Данчо Стефков

 

 

 

 

 

САМ ПРОТИВ СИТЕ

Кога со голема радост ја прифатив љубезната покана на велешкиот театар да напишам пиеса за Јордан Хаџи Константинов – Џинот, мислев дека знам скоро се за нашиот прв учител. Тоа беше мојата прва заблуда. Колку повеќе навлегував во темата, толку (и многу) повеќе сфаќав дека од моето “знаење” би се откажал и најлошиот ученик од некоја провинциска осмолетка.
Откако прелистав илјадници страници (преписки, коментари, автентични документи...) седнав самоуверено пред мојот компјутер. Но тука се сретнав со второто непријатно изненадување. Сфатив дека е невозможно (или јас не умеам?) да напишам современ текст со почеток, средина и крај.
Како со денешниве етички и естетски “кантари”, во времиња на вулгарен материјализам и отровен цинизам, масовен кич и хронична естрада, да се раскаже убедлива приказна која ќе биде метафора и парадигма за еден блескав непокор, а истовремено таа приказна да не биде патетична и претенциозна, или здодевно “уметничарење” како што обично бива со вакви големи теми и ликови?
Тогаш решив да истражувам. Долго талкав помеѓу мозаик, сложувалка и рубикова коцка. Очајнички се обидував да најдам форма, во која скапоцената содржина  најудобно ќе се чувствува. Монтирав автентичен (најчесто архаичен) документарен материјал во современа драмска структура. Се обидов (четири напишани верзии!) да направам прецизен цртеж но истоврмено  да оставам и широк драматуршки простор во кој  режисерот и актерите слободно ќе се движат во потрага по свежа и возбудлива сценска магија.
Јордан Хаџи Константинов – Џинот е еден од ретките великани од нашата (и светската!) историја кој имал срце да застане сам против сите. Тој  е  нашиот духовен олимписки врв. Какви сме ние? Да ја сочекаме премиерата.

Братислав Димитров, драматург

 

Ова не е претстава која следи определена Историја или хронологија.
Ниту пак претстава која ќе расветли некоја нерешена „мистерија“ од животот на Џинот.
Оваа претстава е создадена како уметничка рефлексија на темата за Џинот, која во себе го носи архетипниот мотив за Жртвата.
Крајниот резултат е претстава-музеј во која се испреплетуваат СЛИКИ од животот на Џинот, Житието и историјата на уметноста и културата.
...

Работата на оваа претстава ја сфаќам како задача да се „оживее“ темата за Џинот и да се поддржува за некои следни генерации кои одново ќе се зафатат со неа.

Деан Дамјановски

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © NET STUDIO total production