Роден  - 1958 г.

Дипломиран актер на ФДУ во Скопје. Во Народниот театар “Јордан Х.К Џинот” од Велес, започнува да работи од 1976.

Во своето долгогодишно работење, освен како актер се јавува и како режисер за повеќе претстави.

Во овој момент е Директор на НУЦК театар ,,Јордан Х.К.Џинот,,

ЈОРДАН ВИТАНОВ

Од многуте забележителни остварувања посебно треба да се истакнат улогите на Содо Арамијата во претставата ,, Крчма на патот за Јевропа ,, од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добива наградата
за најдобра машка улога на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп. Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал ,, Боспорски Агони,,  во Керч, Украина, за улогата на Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски.
Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на градот Велес. Покрај на матичната сцена, остварува и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата.

 
 

Коле - „Свадба“
Стражар - „ Медеја“
Генерал - „ Цар Тројан“
Трет маж - „Расколникот од Хетеим“
Флориндо - „Слуга на двајца господари “
Столе -„Гроф Миливој “
Главен Доктор - „Кукавичино јајце “
Будрелав - „Крал Иби “
Дон Алонзо -„ Дон Жуан “
Јоце - „Хамлет од Долно Дивјаци “
Максим-„Смртта на Тарелкин “
Курта-воперџија -„Последниот балкански вампир“
Корен -„На сечило“
Доктор- „Кристално срце,,
Софијан и Генералот -„Пречистување“
Смирнов -„Брачни понуди “
Содо -„ Крчма на патот за Јевропа “
Клок – „ Шамокло и Августина“
Трифун - „Нажалена фамилија“
Коте - „Тажна вест“(Утешение грешним),„Ораси работа“ (Утешение грешним)
Орест - „Електра“
Огледалото,Селјако и Хор -,,Џинот и седумте џуџиња“
Дишотел- „Одам на лов“
Креонт -„Антигона“
Коте - „Скапоцена нива“(Грешните се утешија)
Бојко -„Грешните се утешија“
Сурла -„Змејовите заминуваат“
Антон Антонович -  „Ревизор“
Одисеј -„Хекуба“
Вампирџија -„Килиба“
Флориндо - „Арлекин-слуга на двајца господари“
Прометеј -„Прикованиот Прометеј“
Затвореник и Аѓутант - „Полицајци“
Мр.Дринк - „Сиво со призвук на олово“
Стенборг  -„Фортинбрас е пијан“
Ахил - „Ифигенија од Авлида“
Тибо - „Адвокатот Патлен“
Ангелот - „Соната во А-мол“
Гласник - „Бакхи“
Фетисов - „Четириесет мсченици“
Војникот и Грофот - „ Љубовна вртелешка“
Прв Гега - „Сердарот“
Блепсидем - „Плутос“
Фурбо - „Комедија А“
Стефан - „Елешник“
Ојдип - „Ојдип Тиранин“
Максим - „Бајка за мртвата Царска  ќерка“
Филоктет -„Филоктет“
Водач на машкиот хор - „Лисистрата“
Пандолфо -„Провинциски Плејбој“
Берки -„Сонот на смешниот човек“
Кривиот збор - „Облаци“
Кузман - „Будење“
Фебус - „Звонарот на Богородичната Црква во Париз“
Григориј Смирнов - „Брачни понуди“
Јуриј -„Четвртата сестра“
Хермо -„Жени во Народното Собрание“
Арган -„Вообразен болен“
Улога во „Хамлестија“
Алекса - „Сомнително лице“
Таткото - „Дон Жуан“
Галилео - „Галилео“
Вестон - „Проклетството на изгладнетата класа“
Тисаферн - „Да се заборави Херострат“
Кралот - „Х Хамлет“
Прометеј - „Птици“

ФИЛМСКИ И ТВ ПРОЕКТИ :

Јас сум од Титов Велес
Големата вода
Пред дождот
Среќна нова 49
Погрешно време
Македонија може
Сербез Донка
Во Влашкото маало
Театро
Цар Самоил
Миланска скала
Заборавени
Проколнати
На Балканот не се пие чај
Последниот фалцер
Мостот
Елегија за тебе

РАДИО ДРАМИ :

Епископ словенски - Свети Климент и Арсениј

 
     
 

Copyright © NET STUDIO total production