Автор
Аџело Беолко - Руцанте

Режија
Никола Ристов

Сценографија
Дејан Трипуновски
Никола Ристов

Костимографија
Маја Кикириткова

Избор на музика
Никола Ристов

Улоги
Зоран Љутков
Јордан Витанов
Зорица П. Панчиќ
Едмонд Сотир
Слободанка Чичевска
Кирил Гравчев
Јован Рибарски
Димитар Глушков

Инспициент
Никола Подлешки

Организатор
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Плакат и Програмче
Данчо Стефков

 

 

 

 


РУЦАНТЕ

Анџело Беолко (1502 – 1542), попознат по неговиот прекар Руцанте, е најпознат според неговите рустични комедии, во кои главен лик е секогаш селанецот Руцанте. Преку неговите експерименти со вметнувањето на различните дијалекти дава живописна слика за тогашниот живот во Падова во 16-тиот век. Овде нормално е и “валканиот јазик” кој постојано се појавувал во дијалектите.
Започнува со пишување на мариаци (скечеви кои се играле на локалните свадби), за подоцна да создаде своја театарска дружина. 
Покрај неговиот одличен успех како писател и актер, целиот  живот го поминал во сиромаштија. Како што изјавил еден негов пријател, иако бил одличен познавач на комедијата,  никогаш не бил во можност да ја разбере сопствената трагедија.
Познатиот италијански драматург Дарио Фо, го става Руцанте на исто ниво со Молиер, тврдејки дека тој е вистинскиот татко на Commedia dell’ Arte.
Напишал повеќе драми и монолози како, Пасторалии, Бетија, Мушичка, Фиорина, Пиована и тн.

МУШИЧКА

Ова е комедија на анти-херои. Иако сите нивни слабости избиваат на виделина, самиот тек на приказната не тера да се поистоветуваме и да навиваме за карактерите.  
Приказните за сексот, за искрената љубов, за парите и храброста, за желбата и вољата ги носат на површина сите човечки слабости, дозволувајки ни безгранично да ги исмејуваме и сожалуваме. 
Искрено се надевам дека вашето уживање во претстава ќе биде слично на нашето уживање во нејзиното креирање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © NET STUDIO total production