Автор
Хенрик Ибзен

Режија
Никола Ристов

Костимографија
Александра Крнинова Груев

Сценографија
Дејан Трипуновски

Превод
Ленче Тосева

Кореографија
Маја Каревски

Авторска Музика
Оливер Тевчев

Избор на музика
Никола Ристов

 

Улоги
Кети Борисовска
Самоил Стојановски
Маја Љутков

Едмонд Сотир
Александар Ѓеоргиев

Зорица П. Панчиќ



Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Изработка на костими
Снежана Пауновска

Гардероба
Лаура Шкортова

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Никола Подлешки

Уметнички директор
Васил Зафирчев

Директор
Јордан Витанов

ПРЕМИЕРА 19.03.2011

 

 

НОРА  (1879)

НОРА (орг. Куќа на Куклите - Et Dukkehjem)  ги критикува традиционалните улоги во бракот на мажите и жените во 19 век. За многу Европјани од 19 век, ова е скандалозно. Ништо не се сметало за посвето од  бракот, па неговото прикажување на таков начин било целосно неприфатливо и осудувано од широките маси.

 

ХЕНРИК  ИБЗЕН (1828 – 1906)

Бил водечкиот Норвешки драматург, режисер и поет во деветнаесетиот век. Често се нарекува и „таткото“ на модерниот театар и е еден од основачите на Модернизмот во театарот. Неговите претстави често биле до живувани како скандалозни во времето  кога  Европскиот театар се темелел на стриктни норми, базирани на фамилијарниот живот и присојноста. Бил вистински критичар на тогашниот начин на живот, неговите недостатоци и моралот. Во текот на животот бил инволвиран во околу 145 театарски претстави како драматург, режисер и продуцент.
Многумина го сметаат за најголемиот драматург по Шекспир.

 

 

 

НОРА е базирана врз животот на Лаура Келер, добра пријателка на Ибзен. Многу работи што се случуваат помеѓу Нора и Торвалд се случиле помеѓу Лаура и нејзиниот сопруг, Виктор. Лаура целиот живот го поминува препознавана како „Ибзеновата Нора“.

 

Иако била препознаена како зачеток на поддршката во борбата за правата на жените, НОРА е многу повеќе од тоа. Наметнатите (не секогаш правилни) општествени правила и норми создаваат „кукли“ од луѓето постојано низ историјата. Нора е бунт и револт против тоа. Нора е повик за  осознавање на самите себе,  кое најчесто е и болно и немилосрдно. Повик за напуштање на оние општествени правила и норми кои не соодетствуваат со човекот како единка, и безмилосно впуштање во несигурниот тобоган наречен живот. Повик за пронаоѓање на детето во себе. Рушење на сликата изградена како заштита од околината и покажување на вистинското ЈАС , токму онакво какво што е

Никола Ристов
                                                                  

 

 

Copyright © NET STUDIO total production