АРИСТОФАН (448.п.н.е. – 385.п.н.е)
старогрчки писател на комедии.

Во своите комедии го третира тогашното секојдневие, ја осудува политиката. Многу малку податоци постојат за неговиот живот. Со пишување на комедии започнал како многу млад поет. На почеток сите свои комедии ги изведувал под театарските имиња Калистрата и Филонида. Неговите три сина исто така биле комедиографи.

Напишал околу 40 драми, но само 11 се сочувани. Аристофан во своите дела бил непосреден остар критичар на познатите личности. Дејствието во неговите драми често е апсурдно, неверојатно, смешно, но во исто време пронижано со реалност. Неговите ликови, кои се смешни карикатури, прости лакрдијаши, ги поттикнуваат правата, реалните чувства: алчност, амбиција ...Во демократијата ја критикувал демагогијата, во софистиката празното докажување, уривањето на традиционалниот морал.
Го осудувал војувањето (со Спарта), бил против војната, а и поборниците за војна кои така сакале да ја зголемат својата моќ на штета на народот. Мислел дека вистинска демократија може да се развива само во мир. Не пишувал комедии против екстремните олигарси, бидејки тоа би било рамно на самоубиство.

Делата на Аристофан се проткаени со традиционализам. Тој ги критикува реформаторите во образованието и воспитувањето. Во комедијата „Облаци“ го прикажува Сократ како софиста, по кого можно е секоја вистина да се изврти и од секоја ситуација да се излезе како победник дури и кога по сите мерила не сме во право.
Аристофан го критикува Еврипид како лош писател и истовремено дава детална критика во современа смисла на зборот. Тоа на свој начин го прави и зачетник на книжевната критика.

Со својата комедија „Птици“ Аристофан станал претходница на тема „негативна утопија“. Во ова дело се трага по земја во која може најсреќно да се живее.
Таа земја ќе ја изградат птици ни на небо ни на земја.
На Аристофан му се припишува приказната за тоа дека луѓето некогаш биле округли, но заради лошо однесување боговите ги преполовиле. Сега секоја од таа половина ја бара другата како би се споиле.

Аристофан и денес е актуелен писател и затоа е често поставуван по сите светски театарски сцени.Велешкиот театар досега има поставено 4 претстави од овој автор: „Лисистрата“ , „Плутос“ , „Облаци“ , „Жени во народното собрание“. „Птици“ е петтата Аристофанова комедија изведена во овој театар.

 

 

 

 

Автор
Аристофан

Режија
Стојан Стојановски

Превод
Јовица Тасевски Етернијан

Сценографија
Дејан Трипуновски

Костимографија
Тања Медарова Стојановска

Изработка на костими
Благојка Кимова

Музика
Оливер Јосифовски

Улоги
Зоран Љутков
Кирил Гравчев
Роберт Pистов
Маја Љутков
Едмонд Сотир
Кети Борисовска
Зорица П. Панчиќ
Самоил Стојановски
Љубе Терзиев
Александар Ѓеорѓиев
Слободанка Чичевска
Кица Ивковска Вељановска
ЈорданВитанов

Марија Илијевска

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Плакат и Програмче
Данчо Стефков

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © NET STUDIO total production