Автор
Дејан Дуковски

Режија
Александар Ивановски

Сценографија
Дејан Трипуновски

Костимографија
Александра Крнинова Груев

Видео и графика
Данчо Стефков

Избор на музика
Александар Ивановски

Улоги
Слободанка Чичевска
Маја Љутков
Кети Борисовска
Самоил Стојановски
Кица Ивковска
Славица Манаскова
Весна Димитровска Бобевски


Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска
Лаура Шкортова

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Графички Дизајн
Данчо Стефков

Уметнички Директор
Васил Зафирчев

Директор
Јордан Витанов

 


 

ПОСЛЕДНИОТ БАЛКАНСКИ ВАМПИР на Дејан Дуковски
е испитен труд од предметот Основи на драматургија,
II година, на факултетот за драмски уметности во Скопје.

Тоа е комедија на карактери во која се вешто воочени и
искористени слепите места на нашиот менталитет и битно
драмски допрени редица наши акутни и запретани табуи.

Тука наизменично се мешаат ритуалот и политиката,
психологијата и идеологијата, Кафка и Нушиќ.

Гротескниот лик на Курта е мала студија
на типичен овдешен сатрап.

Балканот се потврдува како неисцрпна тема за комедија.

Во овој текст Дејан Дуковски сериозно се фаќа
во костец со таа тема и најавува нејзино натамошно
успешно користење.

Горан Стефановски

 

 

Во „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски
нема класични вампири. Нема ни крв. Но она што многу јасно
го има се теми кои што се поврзуваат пред се
со манипулацијата - и со луѓето и со информациите.

Клучниот проблем е односот помеѓу индивидуата и
општеството, помеѓу единката и системот.

Тоа прашaње денес станува се побитно, имајќи ги во предвид
општите глобализациски процеси, кризата со креативноста
во образованието и топењето на индивидуалноста во
аморфна маса контролирана од потребите на пазарот и на
системските механизми.

Последниот балкански вампир се обидува да си го сочува
и одбрани достоинството како човек, како индивидуа,
како свесно суштество исправено спроти репресивниот
механизам.

Каде е денес вистината ?

На кој извор на информации би требало да му веруваме ?

Кој денес го контролира и насочува знаењето ?

Низ својот карактеристичен фрагментиран говор,
Дуковски ни отвора и ни развива атмосфера на гротескна
параноја, изместување на границите на вистината
и целосно мешање на чувства и атмосфери изградени од
страв, терор и несопирлив хумор.

Сржта на драмската структура се движи по рабовите
на гротеската и апсурдот, тензијата и олеснувањето.

Александар Ивановски

 

 



 

 

 
 

Copyright © NET STUDIO total production