Роден - 1970 г.

Дипломиран 1997 година на ФДУ-Скопје во класа на проф.Владимир Милчин.

На сцената е од 1982 година, а член на ансамблот на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес е од 2003 година.

САМОИЛ СТОЈАНОВСКИ

Прва театарска улога во 1982 година, во претставата „Еригон“, од Јордан Плевнеш, во режија на Љубиша Георгиевски. Следуваат ангажмани во Драмски театар – Скопје, МНТ-драма – Скопје, Народен театар – Куманово, Народен театар – Велес, СД продукција, Театар „Македонија“, Мобилно театарско студио „Амон“, Фестивалот „АКТО“, како и ангажмани за МРТВ за радио и ТВ и неколку филмски проекти.

Соработки со: Љубиша Георгиевски, Слободан Унковски, Паоло Маѓели, Кристијан Ристевски, Горан Тренчовски, Владимир Талевски, Благојче Божиновски, Стојан Стојаноски, Петрос Панамас, Ристо Мајсторов, Јордан Витанов, Зоја Бузалковска, Александар Ивановски, Наташа Поплавска, Васил Зафирчев, Мартин Кочовски, Младен Вукиќ  итн.

Учесник на „Стеријино позорје“ – Нови Сад, „МЕСС“ - Саераево, „Гавелини вечери“ – Загреб, Театарски игри „Јоаким Вујиќ“ – Србија, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, ИФАД „Стоби“ – Стоби / Велес, „Фестивал на актерот“ Никшиќ и други домашни и меѓународни фестивали.

Како организатор се јавува во проектите „Крајот на играта MMI“ (2001) и „Подзатворена врата“ (2003), како асистент на проектите „Подзатворена врата“, „Филип Втори“ (2007) и „Децата на сонцето“ (2009).

Автор на неколку корици за книги и летоци, како и автор на предговорот „Ремек дело на животот и смртта“ за збирката „Пет модерни Но драми“ од Јукио Мишима, во издание на „Менора“ – Скопје.

 
 

1982   
Таше – „Еригон“ (Драмски театар – Скопје)
(Вонредна награда за претстава на Стериино Позорје – Нови Сад; најдобра претстава МЕСС - Сараево);

1983   
Бранко – „Карамазови“ (Драмски театар – Скопје);

1984   
Горан – „Mazedonische zustande“ (МНТ – Скопје);

1985   
Луке – „Среќна нова 1949“ (МНТ – Скопје)
(најдобра претстава на Стериино Позорје – Нови Сад, најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп);

1989  
 Повеќе улоги – „Рави“ (МНТ – Скопје);

1992   
Лазар – „Бисери и свињи“ (Народен театар – Куманово);

1994  
Чубуков – „Просидба“ (ФДУ и Народен театар Куманово);

1995   
Наредникот О`Хара – „Арсеник и стара тантела“ (Драмски театар – Скопје и ФДУ);

1998   
Повеќе улоги – „Бетмен, Враќање на мрачниот витез“ (МНТ – Скопје);

2000   
Англискиот војник – „Јована Орлеанска“ (Драмски театар – Скопје);

2001   
Нег – „Крајот на играта MMI“ (МС Продукција);

2003   
Огнен Комита – „Будење“

2004   
Пјер Гренгоар – „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“
Пјетров – „Четвртата сестра“
Пилад – „Орест“
Старецот – „Подзатворена врата“ (Мобилно театарско студио „Амон“);

2005
Блепир – „Жени во народното собрание“
Чорбаџи Миладин / Виќа – „Сомнително лице“

2006   
Лени – „Враќање“
Принцот – „Свињарот и принцезата“ (Театар „Македонија“);
Окле – „Железно пиле“
Пирајхме, Пирај – „Дом за птици“
Штурецот – „Новогодишна ракета“ (Театар „Македонија“);

2007   
Третиот граѓанин – „Да се заборави Херострат“
Лаерт – „Х-Хамлет“
Ферчо – „Семеен викенд“ (Театар „Македонија“);

2008   
Посејдон, Свештеникот – „Птици“
Киријас – “Џинот, учителот“
Слендер – „Веселите жени од Виндзор“

2009   
Мажот, Првиот маж – „Тероризам“
Стариот архивар, Аризан, Меанџијата – „Чернодрински се враќа дома“
Шпигелберг – „Разбојници“ (Фестивал АКТО - Битола);

2010   
Актерот – „Баханалии“

 
-    
 

Copyright © NET STUDIO total production