Автор
Жан Батист Молиер

Режија
Никола Ристов

Костимографија
Александра Крнинова Груев

Сценографија
Филип Коруновски

Графички Дизајн
Филип Коруновски

Улоги
Тартиф - Зоран Љутков

Оргон - Јордан Витанов

Елмира - Слободанка Чичевска

Клеант - Самоил Стојановски

Дорина - Зорица П.Панчиќ

Дамис - Александар Вељановски

Маријана - Марија Стефановска

Госпоѓа Пернел - Кети Борисовска

Валер - Жарко Спасовски

Господин Лојал - Александар Георгиев

Агент - Фаик Мефаилоски

Флипот - Спасе Петрушев

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Изработка на костими
Снежана Пауновска

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Лаура Шкортова

Раководител на сценска техника

Никола Игнов

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Никола Подлешки

Јовица Стаменовски

Уметнички директор
Васил Зафирчев

Директор
Јордан Витанов

 



ТАРТИФ е можеби најголемото достигнување на Молиер. Првичната верзија од три чина, во 1664 година е цензурирана од страна на кралот Луј XIV, под влијанието на црковните власти, за да дојде до создавањето на "прифатливата" варијанта од пет чина (1669 година) која ја имаме и денес. Иако била добро прифатена од публиката, веднаш создала конфликт помеѓу различни религиозни групи кои биле навредени од претставата.
Намерата на Молиер не била да го уништи општеството, туку да го научи на лекција дека лажната моќ и лажното сожалување не се за општото добро.
Како да се верува во нешто, кога целиот свет наликува на искривена илузија?
Прашањето за вербата отсекогаш било едно од најважните прашања на човештвото. Потребата да останеме верни на нешто и да го оддржуваме и негуваме е еднаква на потребата за живот. Тартиф е мерило на вербата. Преку религијата, амбициите, сексот, правдата, бракот, лојалноста и фамилијата светот на Татриф е свет во кој авторитетот и моќта се најсилната валута. Потребата за наметнување на апсолутната контрола и креирање на опкружување скроено исклучиво по сопствена мерка, ги прави карактерите ранливи под налетот на лагата, подлоста и измамата. Ранливи на лицемерниот Тартиф за кој моралот е измислена приказна. Преку лицемерството, интригата и способноста брзо да ги открие слабите страни на човечката ни покажува дека животот е поважен во меѓусебниот контакт, отколку во вистинската природа на нештата. Затоа и самиот Молиер ги изместува каноните на комедијата. Метастазиран рак и корупција се сместени во општеството на претставата. И покрај комичните сцени, крајот не е со победа и разврска, туку со благодарност и олеснување. Никој не вади вистинска поука. Како во маѓепсан круг, ликовите само продолжуваат да опстојуваат.

Никола Ристов

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 

Copyright © NET STUDIO total production