Роден - 1980 година

Дипломира во 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Веднаш потоа,Зафирчев настапува во повеќе театри во Македонија, како Македонскиот Народен Театар, Драмскиот Театар, Народните Театри во Велес, Прилеп и Струмица и Македонската Опера и Балет. Со своите 28 години, Зафирчев остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни актерски награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото актерско признание “Ристо Шишков”, како и на повеќе меѓународни театарски награди.

Vasil Zafir~ev

Од 2004-2006 година Зафирчев е и Претседател на Здружението на драмски уметници на Република Македонија - “Џинот”. Од 2004 година е уметнички директор на Калиопи Мјузик Продукција. Од 2006-2007 година Зафирчев е професор и на Актерскиот Факултет при Славјанскиот Универзитет во Битола. Од 2006-2007 година е професор и по актерска игра во Средното балетско училиште "Илија Николовски-Луј" во Скопје. Од 2006 до 2008  година е вработен во Националната Установа Драмски Театар, Скопје. Денес, Васил Зафирчев е уметнички директор на Театарот "ЈХК-Џинот" од Велес.

 
 

Награда за најпопуларен актер "Златна Бубамара"
Скопје, фебруари, 2006

Награда за најуспешен актер на манифестацијата "13-ка за најуспешните"
Струга, јули, 2006

Награда "9-ти Ноември" на град Велес, највисоко општинско признание за афирмација на Велес во областа на културата
Велес, ноември, 2005

Награда за највисоко актерско достигнување за 2005 година за улогата на Последниот маж во претставата "Последниот маж, последната жена" на Интернационалниот фестивал на камерен театар "Ристо Шишков"
Струмица, септември 2005

Награда за специјален уметнички израз и највисока естетика за моноперформансот "Пијанистот" на Интернационалниот фестивал на моноперформанси "Арммоно"
Ереван, Ерменија, септември 2004

Награда "Зоран Радмиловиќ " за најдобра улога во комедија за улогата на Јеленче во претставата "Радован III" на Интернационалниот театарски фестивал "Денови на Зоран Радмиловиќ"
Зајечар, Србија и Црна Гора, ноември 2003

Награда за најдобро актерско остварувње "Златна маска" на ревијата "Вечер", за улогата на Лисистрата во претставата "Лисистрата" на Фестивалот "Охридско лето"
Охрид, август 2003

Награда "Златна маска" на ревијата "Вечер", за авторскиот проект "Пијанистот" на Фестивалот "Охридско лето"
Охрид, август 2003

Награда за најпопуларен актер "Златна Бубамара"
Скопје, март 2003

Награда за најпопуларен актер на ревијата "Вечер"
Скопје, февруари 2003

Најдобро актерско остварување за улогата на Лисистрата во претставата "Лисистрата" на Првиот Интернационален Фестивал на Античка драма "Стоби"
Велес, јули 2002

Награда за најоригинална и најекстравагантна претстава за моноперформансот "Пијанистот" на Интернационалниот Фестивал на моноперформанси "Видлуња"
Киев, Украина, април 2002

Најдобро актерско остварување за улогата на Деметар во претставата "Сон на летната ноќ" на МТФ "Војдан Чернодрински"
Прилеп, јуни 2001

Најдобар млад актер за улогата на Јанко во претставата "Елешник" на МТФ "Војдан Чернодрински"
Прилеп, мај 2000

Награда за најдобар млад актер на Академијата за музичка и сценска дејност на Град Велес
Велес, февруари 1998

Награда за најдобар говор и дикција на Фестивалот на алтернативен и амaтерски театар-ФААТ
Кочани, мај 1997

ТЕАТАРСКИ ПРЕТСТАВИ :

"Сердарот"
"Плутос"
"Еригон"
"Комедија А"
"Елешник"
"Ојдип тиранин"
"Змејот"
"Волшебната музичка кутија"
"Стари миризби"
"Принцезата Мразулка"
"Сон на летната ноќ"
"Кокошка"
"Филоктет"
"Радован трети"
"Лисистрата"
"Есперанца"
"Пијанистот"
“Арт"
“Macedoine-Одисеја 2001"
“Стрип Шекспир"
"Во самотијата на памучните полиња"
"Хомо еректус"
"Летни Силјане"
“ Будење"
"Облаци"
"Ана"
"Четвртата сестра"
"Три сестри""Чија си"
"Новогодишна трилогија"
"Дневник Стравински"
"Жив чоек"
"Танц на ноќните пеперутки во Ориент-Експресот"
"Последниот маж, последната жена"
"Дневник Дали"
"Јас, Исидора"
"Дневник за нас"
"Оркестар Титаник"
"Дон Жуан"
"Македонски рулет"
"Комшилук наопаку"
"Х-Хамлет"
"Сликата на Софија"
"Супернова"

ФИЛМОВИ, СЕРИИ И РАДИО ДРАМИ :

Елегија за тебе
Театро
Крчма на патот за Европа
Приказни за љубовта и свршувањето
Последниот фалцер

 
     
 

Copyright © NET STUDIO total production