Автор
Вилијам Шекспир

Режија
Александар Ивановски

Сценографија
Крсте Џидров

Костимографија
Невенка Тасева Петровиќ

Превод
Драги Михајловски

Улоги
Љубе Терзиев
Кети Борисовска
Слободанка Чичевска
Александар Ѓеорѓиев
Едмонд Сотир
Кирил Гравчев
Кица Ивковска Велјановска
Весна Димитровска
Самоил Стојановски
Ѓорѓи Бисерков - Дампе
Маја Љутков
Роберт Ристов
Владимир Тулиев
Миле Вратеовски
Спасе Петрушев

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Цртеж и туш
Смиле Цветановски

Плакат и Програмче
Смиле Цветановски
Тони Анастасовски

 

 

 

 


Веројатно напишана во 1597-8, Веселите жени од Виндзор е најизразената пиеса за средната класа на Шекспир, во поглед на поставеноста на дејството и отворените теми. Во исто време тоа е едно од неговите најфарсични дела, во кое се користат физички гегови и јазични шеги за да се формира комичен тон кој толку длабоко ќе влијае на ултимативниот дух на пиесата, оној на смирувањето, откако сите интриги ќе бидат расчистени.
Веселите жени од Виндзор создава впечаток за тоа како изгледал животот во еден град од англиската провинција, од времето кога оваа пиеса била првпат изведена. Нејзините основи можат да се препознаат во некои други, постари пиеси; главното дејство многу приличи на Il Pecorone, италијанска пиеса од 1558, напишана од Џовани Фиорентино. Дејствата и поддејствата се поставени на основите на античката римска комедија и средновековната фарса. Иако пиесата содржи карактери кои се наоѓаат и под и над средната класа, како и културно стереотипни туѓинци, во крајна линија се функционира кон демонстрирање на асимилирачката моќ на средната класа.
Главниот заплет се гради околу игривото, но и доблесно однесување на насловните карактери, Госпоѓа Пејџ и Госпоѓа Форд, сопруги на двајца успешни мажи од Виндзор. Нивната главна поента е дека сопругите можат да бидат весели и верни истовремено, односно дека можат да живеат исполнети животи без да ги издадат должностите кон своите сопрузи – нешто што Господин Пејџ го разбира, но во кое Господин Форд се сомнева. Во меѓувреме, бракот на Ен Пејџ со Фентон склопен на крајот од пиесата, ја афирмира романтичната љубов како социјален асимилатор, прескокнувајќи ги класните разлики и овозможувајќи им на поединците да создаваат нови и инклузивни социјални категории околу нивните односи.
Веселите жени од Виндзор зборува со современ тон на средната класа, потенцирајќи ја провинцијалноста и помалку робусниот начин на размислување, што ја прави единствена пиеса на Шекспир создадена на тој начин. Социјалната мрежа на заедницата има негативен став кон секој што има потекло надвор од Виндзор. Преправањата на Слендер изгледаат будалесто, а така некако завршува и судијата Шелоу, чиј авторитет се базира на монархијата. Велшкиот свештеник Еванс го влече својот авторитет однадвор (од црквата) и ликовите од Виндзор слатко му се потсмеваат поради неговиот странски акцент. Францускиот лекар Кајус доживува сличен третман поради неговото надворешно потекло и поради неговиот извор на авторитет. Со слични непријатности поминува и Фентон, при неговите обиди за раката на Ен Пејџ, но се разбира најмаркантниот отпор кон аристократијата лежи во повторливото поигрување со пропаднатиот витез Фалстаф. До крајот на пиесата, Фалстаф станува жртвено јагне за потсмев на целиот град, поради неговите финансиски мотивирани обиди да ги заведе Госпоѓите. Конечно, на крајот, успешниот брак на Фентон и Ен го означува помирувањето помеѓу средната класа и аристократијата.
Патека на сексуална алузија се развива низ настаните и низ јазикот. Фалстаф бега од неговата втора посета на куќата на Госпоѓа Форд преправен како дебела тетка на еден од слугите. Овој момент на трансвестија има свој одблесок во затворањето на пиесата, кога Слендер и Кајус завршуваат со момчиња наместо со Ен, како што имаат намера. Овие будалести додворувачи се казнети за нивното однесување со тоа што одеднаш се наоѓаат себеси во сценарија кои имплицираат хомосексуалност, која исто како и финансиски мотивираните договорени бракови, припаѓа настрана од востановените норми за среќна романтична свадба како крај на комедијата. Дополнително на тоа, ваквиот крос-дресинг му создава можност на Шекспир да си поигра со театарските конвенции на неговото време.
До крајот на пиесата, напорите на главниот заплет да се понижи Фалстаф и да се изложи на потсмев на средината сосем се реализираат. Но сепак, овој препознат грабливец не е отфрлен од обединетиот град; напротив, Форд и Пејџ решаваат да го понижат Фалстаф уште еднаш, за последен пат, иако веќе се убедени дека е безопасен, и потоа го канат на нивната свадбена гозба. Пејџови успеваат да го понижат Фалстаф, но и тие се понижени во негово присуство во моментот кога дознаваат дека нивната ќерка Ен не се омажила со ниеден од нивните избори за нејзин сопруг. Изигрувачите биваат изиграни, што доведува до некакво морално изедначување на крајот. Хиерархиите се одрешени, доведувајќи кон универзално инклузивна завршница. Средната класа со леснотија ги прима сите што доаѓаат однадвор, и покрај напорите на повеќето од водечките карактери, и во секој случај финалното единство се чувствува како многу посуштествено од различните конфликти низ текот на пиесата.

 
 

Copyright © NET STUDIO total production