Режија и сценографија
Софија Ристевска

Превод и драматизација
Софија Ристевска

Улоги
Маја Љутков
Кети Борисовска
Весна Димитровска
Славица Манаскова


Костими
Софија Ристевска, Маја Љутков, Кети Борисовска, Весна Димитровска и Славица Манаскова

Избор на музика
Илија Тирицовски, Лазо Теов и Софија Ристевска

Дизајн на видео
Филип Јовановски

Камера и монтажа
Данчо Стефков

Кореографија
Кире Миладиноски

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов

Плакат и Програмче
Данчо Стефков

 

 

 

 

 

 


Марија Станкова, е една од најинтересните и најистакнатите современи бугарски новелистки и романсиерки. Нејзината склоност кон криминалната тематика, ја прави бескрајно интересна и многу провокативна авторка. “Водич за брзи убиства“, е прогласена за книга на годната во 1998. “Не се мешај со вампири“, е расказ награден со наградата Агата Кристи, за најдобар криминален расказ. “За рабовите на кругот“, е пиеса наградена со наградата Маргарит Минков, а “Циганка“, е нејзин награден расказ, со наградата за најдобра идеја за сценарио.
   Кога прашале некој мудар човек, што значи справедливост, тој одговорил: “Немам претстава, јас сум сеуште жив. Додека е човек жив, се му се гледа несправедливо“.
   Делата на Станкова се за живите. Напишани се на разбирлив јазик и тоа е сосема доволно!


Софија Ристевска – Јас имам силно чувство дека тука, сите сме од нешто разочарани. Јас сум разочарана од целото човештво и се чувствувам измамена од ветувањата што ми ги даваше!



Маја Љутков – Јас неможам да се справам со овој начин на живот. Знаеш ли дека всушност јас сум глобализацијата, но јас сеуште неможам да се однесувам така. Мојата социјална суштина е сеуште многу легална. Сакаш ли да ми ѕирнеш во мозокот?



Кети Борисовска – Јас имам определени норми и нив неможам веднаш да ги исклучам! Јас не смеам да имам доверба дури ни кон себе, а што останува за тебе, или за некој друг што активно ми ги краде сите нешта! Сите нешта...



Весна Димитровска -  Јас често сум многу несигурна. Ние сите сме многу несигурни. Јас секогаш си мислам, ќе ми помине, но таа глобална несигурност е константна димензија во мене. Јас воопшто немам никаква контрола врз моите состојби на афект...

Славица Манаскова – Кој би помислил, дека такви стари, муфлосани мисли, можат да постојат во една толку убава и млада глава како мојата. И зошто тие испливуваат повторно и повторно, само кога те гледам тебе! Само кога те гледам тебе...

 

КРИТИКИ:

Културен мозаик
Радио Скопје 13.11.2009

МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПЕРФОРМАНС

( Кон ЖЕНИ  од Марија Станкова; режија, Софија Ристевска: продукција, НТ  Ј.Х.К.ЏИНОТ - Велес;
премиера: ноември 2009 г.)

 Премиерата на Народниот театар "Ј.Х.К.Џинот во Велес доаѓа  да ја посведочи се почестата присутност на феминизмот како општествен феномен во нашето секојдневие, а режисерот Софија Ристевска преку постановката на оваа пиеса ја утврдува својата оријентација, сензибилитет и интерес за феминизмот  преку создавање на т.н. женски претстави. Прва нејзина претстава од ваква провениенција беше "Приказната за Роналд - кловнот од Мекдоналс" од група автори, а во продукција на Кумановскиот народен театар во која играат шест актерки. Претставата "Жени" е работена според текст на современата бугарска авторка Марија Станкова, а во истата настапуваат четири актерки. "Жени" е прозна творба, но никако не драмска, туку дело со раскажувачка форма оттука и постановката на Софија Ристевска не е претстава во традиционалистичка смисла на зборот туку попрво мултимедијален сценски перформанс со многу музика, видео и танц. Споменатата раскажувачка форма режиски се транспонира преку симултаното говорење на четирите актерки, говорење кое има исповеден карактер.

Претставата во која условно можат да се разликуваат два дела е обид да се проговори за многу аспекти и агли на женското гледање, поимање и третирање на светот и животот и појавите во нив. Говорејќи за споменатите нешта тие наизменично имаат ту локален ту глобален пристап потврдувајќи дека судбината на жената е иста или слична без оглед на географските одредници и координати. Во првиот дел, со напомена дека станува збор, само за условна поделба на инаку единствениот сценски чин, преовладува исповедта на четирите жени, присетување и опишување на нивното детство и моминство - по правило несреќни и трауматични, а тука е предоченао и семејното насилство како проблем на современото општество со загрижувачки димензии. Се разбира ваквите психоделични состојби на своите хероинки, режисерот Ристевска ги микса со музички делници и танци во кои актерките се супериорни и сигурни, бивајќи така примечиви за публиката. Во вториот дел од претставата, повторно условно земено, како атмосферата да се вжештува, па она што било несреќно детство и младост ќе се изроди во грда реалност која ќе ескалира во своевиден шовинизам за да заврши како крвав пир. Во овој втор дел сите одред се чедоморки и убијци на своите мажи, родители...за најпосле сцената и протагонистките и навистина да се натопат во крв што има да се прифати како револт, бунт и протест, но и како крик и очај од безизлезот на цивилизациските текови во кои хуманизмот се повеќе и се почесто е потиснат и заборавен како категорија на скалата на вредностите.

Во овој едноипол часовен перформанс, односно случување ќе ги видиме четирите лика "фатени" во најразлични емотивни состојби и ситуации. Тие непрестано се трансформираат, па така во еден момент се вљубени, заносни, провокативни, заводливи, мили, нежни, пожелни. Веднаш потоа тие инсценираат отфрленост, незадоволство со изгледот на сопственото тело, потрагата по спас, страдањето од нештата такви какви што се; освен тоа што се незадоволни, многу често тие се и незадоволени, па тоа е уште една причина за фрустрација; така полека се раѓа омразата, одмаздољубивоста и бесот - неконторилиран и нихилистички, кон себе и кон околината. Така, се обликува атмосферата на нашето модерно и ебано време кое продуцира промашени , несреќни и очајни индивидуи.

Претставата на Велешкиот театар, на режисерот Ристевска и четирите актерки зрачи со симпатија и ентузијазам кој се шири во гледалиштето. Се добива впечаток за евидентно заедништво во создавањето на претставата која може да се формулира и како авантура, нурнување за расветлување на тајните и спецификите на женското битие, при што актерките се предани и посветени. Креативната енергија во овој проект ја преточуваат , со горе-долу изедначен ангажман по обем и квалитет, актерките Маја Љутков, Весна Димитровска, Кети Борисовска и Славица Манаскова.

Претставата покрај другото придонесува дефинитивно феминизмот да не се сфаќа како екцесна појава туку како наше секојдневие и реалност. Колку попрво се сфати и прифати толку подобро за сите.

                                                                          Тодор Кузманов 

 

Copyright © NET STUDIO total production