Автор
Уго Бети

Режија
Деан Дамјановски

Сценографија и
Избор на Музика
Деан Дамјановски

Костимографија
Тања Медарова

Улоги
Слободанка Чичевска
Кети Борисовска
Кица Ивковска
Роберт Ристов
Самоил Стојановски
Кирил Гравчев

Инспициент
Славиша Ѓеорѓиев

Светло Мајстор
Маријан Тодоровски

Тон Мајстор
Лазо Теов

Изработка на Костими
Снежана Пауновска

Гардероба
Јулијана Ангеловска

Шеф на Сцена
Дејан Трипуновски

Реквизитер
Спасе Петрушев

Сценска Техника
Игор Гаврилов
Дејан Крстевски
Никола Пауновски
Ѓоре Павлов
Никола Подлешки

Плакат и Програмче
Данчо Стефков

Уметнички директор
Васил Зафирчев

Директор
Јордан Витанов

ПРЕМИЕРА 28.12.2010

 


Уго Бети (1892-1953) е италијански автор, инаку судија по професија, кој според многумина е најдобриот италијански современ драматург, рамо до рамо  со Луиџи Пирандело. Учествувал во Првата Светска Војна како доброволец, за потоа да ја започне својата кариера во правото. Непосредно пред почетокот на Втората Светска Војна е обвинет од страна на италијанските фашисти за тоа дека е Евреин и антифашист. После војната е обвинет дека бил фашист, но скоро е ослободен од сите обвиненија. До својата пензија работи во библиотеката на Министерството за Правда на Италија. 
Во својот творечки опус има 27 драмски текста, повеќето од кои се напишани во периодот од 1940-та, па се до неговата смрт. Неговите текстови главно се занимаваат со природата на злото, егзистенцијалната вина (која ја носи главниот лик) и темата за искупувањето на вината. Криминалните истраги се карактеристичен мотив во неговите драми заради што се стекнува со епитетот „италијанскиот Кафка“.  Негови најпознати драмски текстови се „Кралицата и бунтовниците“, „Бегалецот“, „Злосторство на островот на козите“, „Корупција во Палатата на Правдата“ и други.

Пиесата Злосторство на островот на козите е напишана во 1946 година, а за прв пат е поставена во 1950 година. Содржината е следната: три жени од различни генерации живеат на едно осамено место наречено „островот на козите“. Тие се веќе подолго време без маж, откако главата на семејството ги напуштил и отишол во војна, каде што и загинал. Она што го имаат како сопственост се трошна куќа, бунар и кози од кои се прехрануваат. Единствениот контакт со светот е еден старец кој еднаш неделно им носи продукти. Еден ден во нивниот дом доаѓа странец, млад маж, кој се претставува како пријател на нивниот сопруг, татко, брат со кој биле заедно во заробеничкиот логор и кој бил сведок на неговиот последен миг на овој свет ...

 

Претставата Злосторство на островот на козите се потпира врз мистеријата и неизвесноста на текстот на Уго Бети, но и врз чувството за хумор и специфичната игра на актерите. Таа зема залет од моментот во кој започнуваме да си ги поставуваме прашањата: Кој е овој странец? Дали тој е навистина тоа за кое се претставува? Дали мажот навистина загинал во војната? Каква тајна крие бунарот, тајна толку голема, што буквално го променува човекот? Кои се овие жени? Дали тие три жени се навистина такви какви што изгледаат? ... И како што се развива дејствието, така се повеќе ни станува јасно дека ништо од она што е на површината не е реално. Секое нешто крие барем уште една вистина, уште една реалност. Се што гледаме на сцената е театар кој се игра од секого и за секого и кој на крајот завршува со спуштање на тешката завеса од црвен плиш, после која останува прашањето – каде е границата помеѓу „реалноста“ и „театарот“?

 

Copyright © NET STUDIO total production