Уметнички Кадар

Исидор Јовановски

]Име и презиме: Исидор Јовановски

Роден: 03 Февруари 1995 во Велес

Дипломира: на Факултетот за Драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со професионален назив Дипломиран актер во 2018.

Вработен во театарот: Актер од 2019

Најзначајни претстави во театар:

  • 2013 год. „Швејк во Втората светска војна“, режија Мартин Кочовски, Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • 2013 год. „Мачорот во чизми“, режија Кирил М. Петрески, Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • 2015 год. „Време на забава“, режија Зоја Бузалковска, Младински Кулурен Центар, Скопје
  • 2016 год. „Кристофор Колумбо“, режија Љубиша Георгиевски, Драмски Театар, Скопје
  • 2016 год. „Приказните на заборавените предци“, режија Андреј Цветановски, Театар „Комедија“,Скопје
  • 2016 год.  Перформанс „Арка“, Патувачки театар „OSMEGO DNIA“ Полска
  • 2016 год. „Урбан Бајрам“, од Срѓан Јаниќијевиќ во  режија на Мартин Кочовски, Клуб „Менада“, Скопје – во улогата на Крсте
  • 2017 год. „Белградска трилогија“, од Билјана Србљановиќ во режија на Нина Николиќ, Театар „Кино Култура“, Скопје – во улогата на Мичо
  • 2017 год. ,,Клетници’’, од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски, Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’, Прилеп – во улогите на Претседателот, Анжол Ра, Затвореник, Полицаец, Инвалид, Војник
  • 2018 год. ,,Голем студ’’, од Лоренс Касдан, дипломска претстава – режија Зоја Бузалковска, Театар ,,Македонски Народен Театар’’, Скопје – во улогата на Ник Карлтон
  • 2018 год. ,,Бела болест’’, од Карел Чапек, дипломска претстава – режија Горјан Аревски, Театар ,,Македонски народен Театар’’, Скопје – во улогата на Прв асистент
  • 2018 год, ,,Како се прави човек’’, авторски проект, режија Хана Миленковска, Театар ,,Кино Култура’’, Скопје
  • 2019 год. „Одам на лов”, од Жорж Фејдо во режија на Деан Дамјановски, Театар „Јордан Х.К Џинот”, Велес – во улогата на инспектор Бридоа.   
  • 2019 год. „Глембаеви”, од Мирослав Крлежа според адаптација и режија на Бранко Брезовец, Народен театар „Војдан Чернодрински”, Прилеп – во улогата на Оливер.
  • 2019 год. „Глембаеви уште една легенда”, од Мирослав Крлежа според адаптација и режија на Бранко Брезовец, Народен театар „Војдан Чернодрински”, Прилеп во соработка со Eurokaz (Croatia) – во улогата на Оливер.
  • 2019 год. „Тоалет за дами”, од Родолфо Сантана во режија на Деан Дамјановски, Театар „ Јордан Х.К Џинот”, Велес – во улогата на Виктор.

ФИЛМ:

  • 2015 год. „ A FOND“ (FULL  SPEED), режија: Nicolas Benamou, France
  • 2019 год. ,,Stuff happens in Nowhere’’, режија: Андреј Богатиноски, Македонија (post production) – во улогата на Виктор
  •  2019 год. ,,The Happiness effect”’, режија: Борјан Зафировски, Македонија (post production) – во улогата на Јаков

НАГРАДИ:

  •  2014 год. Награда за колективна игра од страна на пубиката на Фестивалот „EX PONTO“ Љубљана, Словенија          претстава „ Швејк во Втората светска војна“.
  • 2017 год. Награда за колективна игра на Фестивалот „Македонско Културно Лето“ Пустец, Албанија, претстава „Приказните на заборавените предци“.
  • 2018 год. Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот ,,Војдан Чернодрински’’, Прилеп, претстава ,,Клетници’’.
  • 2019 год. Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот „Лица без маски”, Скопје, претстава „Како се прави човек”

Филип Коруновски

Име и презиме: Филип Коруновски

Роден: 23 март 1987 во Велес

Дипломира: на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со професионален назив Дипломиран графичар со модул графички дизајн каде што четири семестри посетува настава по предметите Обликување на простор и Сценографија. Во 2011-та година магистрира на истиот факултет на одделот за Скулптура и се стекнува со научен назив –  Магистер по скулптура. Во 2016 година го формира колективот за визуелна уметност и видео визуелизации Edit Points со кој што работи на повеќе културни настани низ Македонија.

Вработен во театарот: Сценограф, графички дизајнер и ликовен соработник, 2014

Најзначајни претстави:

  • „Ноќите во бел сатен“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2012
  • „Тартиф“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2014
  • „Детектор за лаги“, НУЦК Григор Прличев во Охрид во 2014
  • „Спанаќ со пржени компири“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2015
  • „Федра“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2015
  • „Класен непријател“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2015
  • „Старицата од Калкута, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2016
  • „Добрата надеж“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2016
  • „Мачорот во чизми“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2016
  • „Театар, љубов моја“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2017
  • „Синиот портокал“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2017
  • „Тоалет за дами“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2018
  • „Кралските копилиња“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2018
  • „Елешник“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес2018
  • „Црвенкапа“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес2019
  • „Свадбата“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2019
  • „Том Соер“, НТ Театар за деца и младинци, Скопје 2019
  • „Одам на лов“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2019
  • „Сара“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2020
  • Тој и таа“ Web серијал,НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес, 2020
  • „ Херои 04:33“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2020
  • „Шумска болница“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2021
  • „СуперБАЈКастично“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2021
  • „Ова дете“ НУЦК „Ацо Шопов“, Штип 2021
  • „Петтото Годишно Време“, НТ Јордан Х.К.Џинот, Велес 2021

Награди:

2017 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Ана Комнена“ во продукција на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, на МТФ „Војдан Чернодрински“

Кети Борисовска

Име и презиме: Кети Борисовска

Родена: 1979 во Битола

Дипломира: во 2002  во Софија- Бугарија

Вработен во театарот: од 2003 како актер

Најзначајни улоги/претстави во театарот:

  • Клитемнестра во „Кралските копилиња“
  • Соња во „Тоалет за дами“
  • Ана Комнена во „Ана Комнена“
  • Нора во „Нора“
  • Регана во „Кралот Лир“
  • Пернел во „Тартиф“
  • Олга Ларина во „Онегин“
  • Силвија во „Злосторство на островот на козите“
  • Амелија во „Домот на Бернарда Алба“
  • Анжелика во „Вообразен болен“
  • Силвија во „Проклетството на изгладнетата класа“
  • Хенриета во „Принцезата и гускарот“ (куклена претстава)
  • Малиот во „Последниот балкански вампир“
  • Марица во „Сомнително лице“
  • „Театар, љубов моја“
  • „Приказни од шестиот кат“
  • „Старицата од Калкута“
  • „Жени“
  • „ММЕ кој прв почна“
  • „Дон Жуан“
  • „Баханалии“
  • „Тероризам“
  • „Чернодрински се враќа дома“
  • „Орест“
  • „Жени во народно собрание“
  • „Стрип Шекспир“
  • „Најважната работа на светот“
  • „Птици“
  • „Облаци“
  • „Мачорот во чизми“
  • „Волшебникот од Оз“
  • „Зоки Поки“
  • „Волшебната шума“
  • „Изгубената снегулка“
  • „Ѕвезданка и волшебникот“
  • „Новогодишна честитка“