Друг Уметнички и Помошен Уметнички Кадар

Филип Коруновски

Име и презиме: Филип Коруновски

Роден: 23 март 1987 во Велес

Дипломира: на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со професионален назив Дипломиран графичар со модул графички дизајн каде што четири семестри посетува настава по предметите Обликување на простор и Сценографија. Во 2011-та година магистрира на истиот факултет на одделот за Скулптура и се стекнува со научен назив –  Магистер по скулптура. Во 2016 година го формира колективот за визуелна уметност и видео визуелизации Edit Points со кој што работи на повеќе културни настани низ Македонија.

Вработен во театарот: Сценограф, графички дизајнер и ликовен соработник, 2014

Најзначајни претстави:

Награди:

2017 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Ана Комнена“ во продукција на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, на МТФ „Војдан Чернодрински“

Деан Дамјановски

Име и презиме: Деан Дамјановски

Роден: 17 јуни 1978 во Скопје

Дипломира: на Театарскиот факултет на Новиот Бугарски Универзитет во Софија и се стекнува со професионално звање театарски режисер. Во 2006-та година магистрира на истиот факултет. Во 2013-та година, на Факултетот за драмски уметности во Скопје се стекнува со научното звање –  Доктор на драмски уметности.

Вработен во театарот: режисер, 2014

Најзначајни претстави:

  • „Во самотијата на памучните полиња“, во Велес
  • „Приказни од шестиот кат“ во Велес,
  • „Грев или шприцер“во Драмски театар
  • „Жив чоек“ во Драмски театар,
  • „Учени жени“ во МНТ,
  • „Горчливите солзи на Петра Фон Кант“во Битола
  • „Хамлет за почетници“ во Битола,
  • „Дванаесетта ноќ“ во Струмица,
  • „Пепелашка“ во Театарот за Деца и Младинци во Скопје и други.

Награди:

2012 – Најдобра сценска драматизација за претставата „Приказната на Шехерезада и Шахријар“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“

2015 – Најдобра сценска драматизација за претставата „Приказни од шестиот кат“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Сашо Димоски

Сашо Димоски (1985, доктор по драмски уметности) е македонски писател и драмски уметник. Од своето деби во 2015 создал портфолио кое обединува преку педесет наслови изразени во прозни книги, драмско и балетско авторство, раскази, радио- и ТВ-продукции, театролошки есеи и научни истражувања. Се издвојуваат: Дневникот на Хулиганот (2015, проза адаптирана за сцена во Македонската опера и балет), Алма Малер (2016, роман, адаптиран за сцена во Македонскиот народен театар, преведен на српски и англиски јазик), Петтото годишно време (2017, роман, награден со Рациново признание, преведен на албански јазик), Ние, другите (книга собрани драмски текстови изведени на сцена), Заспаните убавици (проза, 2018). Драмски текстови: Федра (СМГ Љубљана, НТ Џинот, Велес, 2016), Медеја (ФАД Стоби, 2017), Ана Комнена (НТ Џинот, Велес, 2017), Парламентарки (НТ Охрид, НТ Ниш, 2017), Шумата на моето дрво (НТ Џинот, 2017), Госпоѓиците од Авињон (Македонски народен театар, 2017), Кралските копилиња (НТ Џинот, 2018), како и петнаесет сценски адаптации. Се издвојуваат и два текста за кореограф: Црвената соба (МОБ, 2016) и Дервишот и смртта (ХНК Сплит, 2017). Раскази, театролошки студии и драмски текстови му се објавени во неколку хрестоматии дома и во странство. Неговата уметност била претставена на повеќе од триесет фестивали во регионот и пошироко, на кои дел од продукциите биле и наградени.