Претстави

„Заспаниот супер херој“

Во оваа претставата за деца е раскажана приказна  за борбата помеѓу доброто и злото, во современо руво. Пинипу е заробена од лошиот вештер, а незјините другарчиња Гицо и Ицо треба да ја спасат со помош нивниот пријател, супер херојот, во пресрет на Ицо и Гицо се појавува Волшебникот. Претстава со многу заплети и моменти интересни  за детската публика.

Режија:

Младен Крстевски

Актери:

Младен Крстевски,

Фаик Мефаиловски,

Жарко Спасовски,

Васил Зафирчев

Ирена Илиевска

Андреј Серафимовски.

Сценографијата: Филип Коруновски

Избор на музика: Снежана Митова

Вдовицата се мажи

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова.

„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.

Актери кои играат во претставата се:

Младен Крстевски

Васил Зафирчев

Марина Поп Панкова

Според „Мечка“ на А.П. Чехов,

Режија: Младен Крстевски

 

Тоалет за дами

Претставата одговара на вечното прашање кое си го поставуваат мажите: што прават жените кога одат повеќето од нив во тоалет и се задржуваат подолго време? Публиката има прилика да ѕирне што се случува во тој свет, но се разбира тоа е само во рамките на анегдотата. Во оваа дискотека, во тоалетот, практично се разигруваат драмите на секоја од тие жени поединечно. Различни теми се отвараат – од семејно насилство, абортуси, кој се е на опијати, дроги, зависности, односи мајки – ќерки и т.н. што ја прави претставата доста шарена, доста богата, провокативна и за поставување и за играње

Текст: Родолфо Сантана

Режија: Деан Дамјановски

Асистент на режија: Елеонора Теова

Драматург: Сашо Димоски

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Катерина Чукниева

Музички соработник: Сашко Костов

Актери:

Кица Ивковска

Васил Зафирчев

Ирена Илиевска

Кети Борисовска

Маја Љутков

Талија Настова

Марија Стефановска

Зорица П. Панчиќ

Весна Димитровска – Бобевски

Драгана Босниќ

Слободанка Чичевска

Андреј Серафимовски