Uncategorized

Исидор Јовановски

]Име и презиме: Исидор Јовановски

Роден: 03 Февруари 1995 во Велес

Дипломира: на Факултетот за Драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со професионален назив Дипломиран актер во 2018.

Вработен во театарот: Актер од 2019

Најзначајни претстави во театар:

  • 2013 год. „Швејк во Втората светска војна“, режија Мартин Кочовски, Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • 2013 год. „Мачорот во чизми“, режија Кирил М. Петрески, Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • 2015 год. „Време на забава“, режија Зоја Бузалковска, Младински Кулурен Центар, Скопје
  • 2016 год. „Кристофор Колумбо“, режија Љубиша Георгиевски, Драмски Театар, Скопје
  • 2016 год. „Приказните на заборавените предци“, режија Андреј Цветановски, Театар „Комедија“,Скопје
  • 2016 год.  Перформанс „Арка“, Патувачки театар „OSMEGO DNIA“ Полска
  • 2016 год. „Урбан Бајрам“, од Срѓан Јаниќијевиќ во  режија на Мартин Кочовски, Клуб „Менада“, Скопје – во улогата на Крсте
  • 2017 год. „Белградска трилогија“, од Билјана Србљановиќ во режија на Нина Николиќ, Театар „Кино Култура“, Скопје – во улогата на Мичо
  • 2017 год. ,,Клетници’’, од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски, Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’, Прилеп – во улогите на Претседателот, Анжол Ра, Затвореник, Полицаец, Инвалид, Војник
  • 2018 год. ,,Голем студ’’, од Лоренс Касдан, дипломска претстава – режија Зоја Бузалковска, Театар ,,Македонски Народен Театар’’, Скопје – во улогата на Ник Карлтон
  • 2018 год. ,,Бела болест’’, од Карел Чапек, дипломска претстава – режија Горјан Аревски, Театар ,,Македонски народен Театар’’, Скопје – во улогата на Прв асистент
  • 2018 год, ,,Како се прави човек’’, авторски проект, режија Хана Миленковска, Театар ,,Кино Култура’’, Скопје
  • 2019 год. „Одам на лов”, од Жорж Фејдо во режија на Деан Дамјановски, Театар „Јордан Х.К Џинот”, Велес – во улогата на инспектор Бридоа.   
  • 2019 год. „Глембаеви”, од Мирослав Крлежа според адаптација и режија на Бранко Брезовец, Народен театар „Војдан Чернодрински”, Прилеп – во улогата на Оливер.
  • 2019 год. „Глембаеви уште една легенда”, од Мирослав Крлежа според адаптација и режија на Бранко Брезовец, Народен театар „Војдан Чернодрински”, Прилеп во соработка со Eurokaz (Croatia) – во улогата на Оливер.
  • 2019 год. „Тоалет за дами”, од Родолфо Сантана во режија на Деан Дамјановски, Театар „ Јордан Х.К Џинот”, Велес – во улогата на Виктор.

ФИЛМ:

  • 2015 год. „ A FOND“ (FULL  SPEED), режија: Nicolas Benamou, France
  • 2019 год. ,,Stuff happens in Nowhere’’, режија: Андреј Богатиноски, Македонија (post production) – во улогата на Виктор
  •  2019 год. ,,The Happiness effect”’, режија: Борјан Зафировски, Македонија (post production) – во улогата на Јаков

НАГРАДИ:

  •  2014 год. Награда за колективна игра од страна на пубиката на Фестивалот „EX PONTO“ Љубљана, Словенија          претстава „ Швејк во Втората светска војна“.
  • 2017 год. Награда за колективна игра на Фестивалот „Македонско Културно Лето“ Пустец, Албанија, претстава „Приказните на заборавените предци“.
  • 2018 год. Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот ,,Војдан Чернодрински’’, Прилеп, претстава ,,Клетници’’.
  • 2019 год. Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот „Лица без маски”, Скопје, претстава „Како се прави човек”

Слуга на двајца господари

Според :Карло Голдони
Режија: Ненад Витанов
Сценографија: Филип Витанов
Костимографија: Катерина Чукниева

Улоги:

Труфалдино : Благојчо Стојанов
Флориндо: Жарко Спасовски
Беатриче: Симона Димковска
Пандолфо: Самоил Стојановски
Розаура: Славица Манаскова
Ломбарди: Зорица П. Панчиќ
Силвио: Кристијан Саздовски
Тебалдо: Фаик Мефаилоски
Бландона: Талија Настова
Софија: Весна Димитровска Бобевски
Марија: Кица Ивковска
Џовани: Јордан Витанов

„Слуга на двајца господари“ е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

Претставата е комедија, која зборува на современ јазик, за  проблемите кои се вечни.  Тоа е светот на богатите и сиромашните.  Во животот е социјална драма а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за  месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна  го следиме цело едно општество, што се случува. Претставата е во современ контекст и секој од публиката ќе се пројаде во неа.

Ненад Витанов. 

Одам на лов

“ОДАМ НА ЛОВ“

Автор: Жорж Фејдо
Режија: Деан Дамјановски

Драматург: Сашо Димоски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Елена Вангеловска

Улоги:
Морис Васил Зафирчев
Леонтина – Маја Љутков
Дишотел – Фаик Мефаилоски
Касањ Самоил Стојановски
Гонтран – Жарко Спасовски
Г-ѓа Латур Кети Борисовска
Бабет Талија Настова

„Како да поставиме комична фарса во овој век на противречности, еколошки катастрофи, огромни разлики и социјална поделеност, свет во кој нештата се менуваат со брзината на интернетот? Дали овој жанр ќе остане само некој вид историски експонат или може да добие на актуелност? Кои се овие ликови, затворени во својот свет на вонбрачни љубовни интриги, незаинтересирани за светот околу нив? Нашата претстава Одам на лов е осовременување на една класична комична фарса, во насока на излегување од нејзиниот херметизам и отворање кон актуелниот општествено социјален момент. Жанровски таа личи на своевиден телевизиски ситком, со сите негови типизирани ликови и заплети, но таков, во којшто на моменти гледаме од другата страна на кулисата, од другата страна на смеата“. 

Деан Дамјановски, режисер

Неверојатно богатата театрографија на Жорж Фејдо (четириесет и еден драмски текст, создадени во периодот од 1873 до 1916 година) испишана е во фарсично-комичен ракопис во кој доминираат комедијата на ситуации и комедијата на карактери. Одам на лов (1892 г.) е комедија инспирирана директно од контекстот на декадентниот француски (полу)свет, на крајот од предминатиот век. Комичното, напишано во брзи сцени, низ брза промена на ситуациите, произлегува од карактерите и нивното банално секојдневие во кое нема простор за длабокочовечки прашања, драма и метафизика. Пиесата, мајсторски изведена во комични заплети и фарсични расплети, го исмева духот на времето: низ љубовнички лавиринти во кои ликовите се среќаваат, разминуваат, препознаваат и избегнуваат. Оваа продукција на текстот го контекстуализира наведениот декадентен свет и спроти него поставува огледало на реалноста, на нашата реалност сега и овде, коментирајќи го неговиот лажен сјај. 

Сашо Димоски, драматург