Нови информации

Сашо Димоски

Сашо Димоски (1985, доктор по драмски уметности) е македонски писател и драмски уметник. Од своето деби во 2015 создал портфолио кое обединува преку педесет наслови изразени во прозни книги, драмско и балетско авторство, раскази, радио- и ТВ-продукции, театролошки есеи и научни истражувања. Се издвојуваат: Дневникот на Хулиганот (2015, проза адаптирана за сцена во Македонската опера и балет), Алма Малер (2016, роман, адаптиран за сцена во Македонскиот народен театар, преведен на српски и англиски јазик), Петтото годишно време (2017, роман, награден со Рациново признание, преведен на албански јазик), Ние, другите (книга собрани драмски текстови изведени на сцена), Заспаните убавици (проза, 2018). Драмски текстови: Федра (СМГ Љубљана, НТ Џинот, Велес, 2016), Медеја (ФАД Стоби, 2017), Ана Комнена (НТ Џинот, Велес, 2017), Парламентарки (НТ Охрид, НТ Ниш, 2017), Шумата на моето дрво (НТ Џинот, 2017), Госпоѓиците од Авињон (Македонски народен театар, 2017), Кралските копилиња (НТ Џинот, 2018), како и петнаесет сценски адаптации. Се издвојуваат и два текста за кореограф: Црвената соба (МОБ, 2016) и Дервишот и смртта (ХНК Сплит, 2017). Раскази, театролошки студии и драмски текстови му се објавени во неколку хрестоматии дома и во странство. Неговата уметност била претставена на повеќе од триесет фестивали во регионот и пошироко, на кои дел од продукциите биле и наградени.

Вдовицата се мажи

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова.

„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.

Актери кои играат во претставата се:

Младен Крстевски

Васил Зафирчев

Марина Поп Панкова

Според „Мечка“ на А.П. Чехов,

Режија: Младен Крстевски

 

Тоалет за дами

Претставата одговара на вечното прашање кое си го поставуваат мажите: што прават жените кога одат повеќето од нив во тоалет и се задржуваат подолго време? Публиката има прилика да ѕирне што се случува во тој свет, но се разбира тоа е само во рамките на анегдотата. Во оваа дискотека, во тоалетот, практично се разигруваат драмите на секоја од тие жени поединечно. Различни теми се отвараат – од семејно насилство, абортуси, кој се е на опијати, дроги, зависности, односи мајки – ќерки и т.н. што ја прави претставата доста шарена, доста богата, провокативна и за поставување и за играње

Текст: Родолфо Сантана

Режија: Деан Дамјановски

Асистент на режија: Елеонора Теова

Драматург: Сашо Димоски

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Катерина Чукниева

Музички соработник: Сашко Костов

Актери:

Кица Ивковска

Васил Зафирчев

Ирена Илиевска

Кети Борисовска

Маја Љутков

Талија Настова

Марија Стефановска

Зорица П. Панчиќ

Весна Димитровска – Бобевски

Драгана Босниќ

Слободанка Чичевска

Андреј Серафимовски