“САРА” (праизведба)
Автор: Катерина Момева
Режија: Елеонора Теова
Сценографијаи дизајн на рекламен материјал: Филип Коруновски
Избор на музика: Орхидеја Дукова
Улоги:
Симона Димковска
Кристина Нацева
Славица Манаскова
Жанр: современа драма
Времетраење: 1 час и 35 минути
Премиера: 6-ти Февруари 2020, мала сцена
„Сара е драма за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието. Драма за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој што сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците од тоа.“ Елеонора Теова.
„Подобро да не навлегуваш во мрачните страни на човек затоа што не знаеш што ќе најдеш таму. А што би нашол? И можеби тој мрак од кој толку се плашиме сака да биде пополнет со љубов.“ – Катерина Момева.