Нови информации

Сестрите Прозорови

„СЕСТРИТЕ ПРОЗОРОВИ“
според „Три сестри“ од А.П.Чехов,
документаристички и авторски материјали

Режија: Васил Зафирчев
Адаптација и драматургија: Сашо Димоски

Костимографија: Раде Василев
Сценографија и музичко обликување: Васил Зафирчев и Сашо Димоски
Дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски


Улоги: Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова,
Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски


Жанр: современа драма


Времетраење: 65 минути


Опис: Ништо во оваа претстава не реферира на пиесата на Антон Чехов ’Три Сестри‘ на која упатува насловот, освен најголемиот дел од текстот за изведбата. Во оваа претстава, трите Чехови сестри, Олга, Маша и Ирина Прозорови, не се драмски ликови. Трагични се. Исчашени се од зглобот, од нивната природна драмска зададеност и создадени се нови ликови што и натаму го имаат драмскиот квалитет на Чехов – само се обоени со трагична гама и се поставени во нов, фрагментиран систем од односи, чија целина е постигната преку документаристичка рамка. Нивната безнадежност, која гласно нѐ засега, доведена е до екстрем, засегнувајќи го личниот опстанок. За ваквиот опстанок, опстанок среде безнадежност, е создадена оваа претстава.


Премиера:
22 јануари 2020 година, Камерна сцена

*Претставата не е за лица под 14 години, а заради трепкачки ефекти во светлосниот дизајн истата не се препорачува за лица кои патат од епилепсија.

Did you like this? Share it!