Според :Карло Голдони
Режија: Ненад Витанов
Сценографија: Филип Витанов
Костимографија: Катерина Чукниева
Улоги:
Труфалдино : Благојчо Стојанов
Флориндо: Жарко Спасовски
Беатриче: Симона Димковска
Пандолфо: Самоил Стојановски
Розаура: Славица Манаскова
Ломбарди: Зорица П. Панчиќ
Силвио: Кристијан Саздовски
Тебалдо: Фаик Мефаилоски
Бландона: Талија Настова
Софија: Весна Димитровска Бобевски
Марија: Кица Ивковска
Џовани: Јордан Витанов
„Слуга на двајца господари“ е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.
Претставата е комедија, која зборува на современ јазик, за проблемите кои се вечни. Тоа е светот на богатите и сиромашните. Во животот е социјална драма а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна го следиме цело едно општество, што се случува. Претставата е во современ контекст и секој од публиката ќе се пројаде во неа.
Ненад Витанов.