Претставата одговара на вечното прашање кое си го поставуваат мажите: што прават жените кога одат повеќето од нив во тоалет и се задржуваат подолго време? Публиката има прилика да ѕирне што се случува во тој свет, но се разбира тоа е само во рамките на анегдотата. Во оваа дискотека, во тоалетот, практично се разигруваат драмите на секоја од тие жени поединечно. Различни теми се отвараат – од семејно насилство, абортуси, кој се е на опијати, дроги, зависности, односи мајки – ќерки и т.н. што ја прави претставата доста шарена, доста богата, провокативна и за поставување и за играње
Текст: Родолфо Сантана
Режија: Деан Дамјановски
Асистент на режија: Елеонора Теова
Драматург: Сашо Димоски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Катерина Чукниева
Музички соработник: Сашко Костов
Актери:
Кица Ивковска
Ирена Илиевска
Маја Љутков
Марија Стефановска
Зорица П. Панчиќ
Весна Димитровска – Бобевски
Драгана Босниќ
Слободанка Чичевска
Андреј Серафимовски