Име и презиме: Васил Зафирчев
Роден: 1980 година во Велес
Дипломира: 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје
Вработен во театарот: 2009 година како уметнички директор
Најзначајни улоги/претстави во театарот:
- Лелио во „Комедија А“
- Јанко во „Елешник“
- Креонт во „Ојдип тиранин“
- Хенрик во „Змејот“
- Неоптолем во „Филоктет“
- Јеленче во „Радован трети“
- Лисистрата во „Лисистрата“
- Авторски проект „Пијанистот“
- Ромео, Макбет и Полоние во „Стрип Шкеспир“
- Дилерот во „Во самотијата на памучните полиња“
- Сократ во „Облаци“
- Гуле во „Будење“
- Коља во „Четвртата сестра“
- Зганарел во „Дон Жуан“
- Режија и адптација на „Х-Хамлет“
- Дионис во „Баханалии“
- Инкасаторот и Константин во „ММЕ кој прв почна“
- Евгениј Онегин во „Онегин“
- Игнат во „Шашарадисани времиња“
- Никола во „Ноќите во бел сатен“
- Шутот во „Кралот Лир“
- Доктор Филип во „Најважната работа на светот“
- Ричард во „Приказни од шестиот кат“
- Хиполит во „Федра“
- „Старицата од Калкута“
- Клеменс Бос во „Добрата надеж“
- Учителот во „Ана Комнена“
- „Шумата на моето дрво“
- Дрвосечачот во „Волшебникот од Оз“
- Смирнов во „Вдовицата се мажи“
- Алекс/Ла Џана во „Тоалет за дами“
- Агамемнон во „Кралските копилиња“
- Вештерот во „Заспаниот супер херој“
- Пратеникот во „Лисистрата“
- Виќа во „Сомнително лице“
- Волкот во „Црвенкапа“
Награди:
- Награда за најдобар млад актер за улогата на Јанко во претставата „Елешник“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2000
- Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Деметар во претставата „Сон на летната ноќ“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2001
- Награда за најоригинална и најекстравагантна претставата за моноперформансот „Пијанистот“ на Интернационалниот фестивал на моноперформанси „Видлуња“, Киев, Украина, 2002
- Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Лисистрата во претставата „Лисистрата“ на Првиот интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, 2002
- Награда за најпопуларен актер на ревијата „Вечер“, 2003
- Награда за најпопуларен актер „Златна Бубамара“, 2003
- Награда „Златна маска“ на ревијата „Вечер“ за авторскиот проект „Пијанистот“ на Фестивалот „Охридско лето“, 2003
- Награда за најдобро актерско остварување „Златна маска“ на ревијата „Вечер“ за улогата на Лисистрата во претставата „Лисистрата“ на Фестивалот „Охридско лето“, 2003
- Награда „Зоран Радмиловиќ“ за најдобра улога во комедија за улогата на Јеленче во претставата „Радован трети“ на Интернационалниот театарски фестивал „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Зајечар, Србија, 2003
- Награда за специјален уметнички израз и највисока естетика за моноперформансот „Пијанистот“ на Интернационалниот фестивал на моноперформанси „Арммоно“, Ереван, Ерменија, 2004
- Награда за највисоко актерско остварување за улогата на Последниот маж во претставата „Последниот маж, последната жена“ на Интернационалниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, Струмица, 2005
- Награда „9-ти Ноември“ – највисоко општинско признание на град Велес за афирмација на Велес во областа на културата, 2005
- Награда за најпопуларен актер „Златна Бубамара“, 2006
- Награда за најдобра претстава за претставата „Стрип Шекспир“ на Интернационалниот театарски фестивал „Театар од ништо“, Санкт Петербург, Русија, 2006
- Награда за најдобра претстава за претставата „Баханалии“ на Интернационалниот театарски фестивал на античка драма „Стоби“, 2010
- Награда за најдобро актерско оставрување за буто-перформансот „Дневникот на хулиганот“ на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, Скопје, 2014
- Награда за најдобра претставата на мала сцена за перформансот „Шумата на моето дрво“ на Интернационалниот театарски фестивал „Бабел“, Трговиште, Романија, 2017
- Награда за најдобра странска претстава за претставата “Вдовицата се мажи” на Меѓународниот театарски фестивал “Руска класика”-Лобња во Москва, Русија, мај, 2018
- Награда за најдобар актерски ансамбл за улогата на Смирнов во претставата “Вдовицата се мажи” на Меѓународниот театарски фестивал “Руска класика”- Лобња во Москва, Русија, мај, 2018
- Награда за најдобар актер на „Story Awards“ , Скопје, март 2019